Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Знаете ли зошто се штрекнувате кога спиете?

Штрекнувањата во сонот се поврзани со нервите, односно со нивното надразнување. Но, тоа не значи дека сигнализираат некоја болест. Понекогаш сред ноќ се будите поради тресењето на рацете, нозете или пак на целото тело.

Станува збор за физиолошка реакција и најчесто се случува кога мускулите се опуштаат, веднаш на почетокот на сонот. Колку сте поуморни, толку штрекнувањата се почести и посилни.

Нервните мускулни реакции се поврзани со соновите. Доколку сонувате каква било активност, можно е да ви треперат одделни делови од телот. Тоа е силата на потсвеста која останува будна дури и кога спиеме.

Истото се случува и ако ве болат некои делови на телото – треперењето во тој случај ќе биде реакција на вашето тело на болка и така ќе ја намалите непријатноста.

Штрекнувањето во сон може да ве разбуди, па за да го спречите или намалите тоа, докторите советуваат:

-Избегнувајте стресни ситуации бидејќи се голем непријател на здравјето.

– Пред спиење испијте липов чај или слична билна мешавина за да ви се опушти телото пред да си легнете.

– Топла купка пред спиење исто така помага во опуштање на телото.

– Обидете се да легнете на време и да спиете по 8 часа дневно.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement