Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Животни лекции на 5 големи жени

Жените низ историјата постигнале многу работи, се избориле за право на глас, за поседување на недвижнини, за работа, за управување, за сопствена заработка и слично. Многу жени се познати како големи борци. Ви даваме животни лекции на пет големи жени.

Не си дозволувајте на себе компромис, вие сте се што имате”

Зборови на Џенис Џоплин, познатата американска пејачка, која порачувала дека не треба да се задоволувате со споредни работи или туѓи остатоци. Таа сакала да каже дека треба да тежите на што подобро и никогаш дека не треба да ви е доволно, бидејки заслужувате повеќе.

“Никој не може без ваша согласност да ве натера да се чувствувате помалку вредни”

Ова било пејачката Еленор Рузвелт, американска политичарка која била борец за човечките права и за рамноправност на црнците и белците. Таа со ова сакала да каже дека не треба да допуштате негативните коментари на другите луѓе да го променат мислењето за себе. Без оглед на тоа како другите луѓе ве гледаат, вие самите за себе треба да мислите најдобро.

“Никогаш не се откажувајте, бидејќи баш во тој момент може се да се сврти во ваша корист”

Херијет Бичер Стоу, борец за укинување на трговија со робови и американска писателка, која со овие зборови сакала да каже дека она што многу жени го порачуваат на други – дека не треба да се откажуваат, без обзир на сите потешкотии.

“Животот се шири или се собира пропорционално на нашата храброст”

Ова се зборови на француската писателка Анаис Нин. Не дозволувајте вашиот страв да ве спречи да направите било што. Како што овој цитат кажува – стравот не обезбедува сигурност, туку вас ве спречува да живеете со полна плуќа. Иако поголемиот дел од луѓето не сака на тоа да признае, ниту да зборува за тоа, сите ние понекогаш се плашиме. Ако се препуштиме на стравот, ќе престанеме да одиме во правецот на кој сме тргнале.

“Животот не се мери со број на дишења, туку со моментите кои ни го одзимаат здивот”

Познатите зборови на Маја Ангелоу, позната американска композиторка и актерка. Маја Ангелоу е и важна личност на американското движење за граѓански права. Таа сака да каже дека не мора секогаш големата работа да ни го одземе здивот – некогаш и наједноставните работи, како што е залезот на сонцето, може да не остави без зборови и да станат големи.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement