Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Во која група парови спаѓате?

Нашето воспитување одредува каков љубовен партнер ќе најдеме, бидејќи ако нашите родители имале брак исполнет со љубов и почитување, многу е веројатно дека и самите ќе го бараме истото – истакнува британскиот експерт за врски, Вал Сампсон.

Според тие сознанија, експертите ги делат паровите во шест типови, а идентифиикувањето со нив може да го олесни разбирањето на своите и партнеровите потреби.

Куче и маче

Станува збор за пар кој постојано се расправа во приватноста на својот дом, како и во јавност. Таквиот пар заедно го одржува магичниот круг на карање и смирување, а неретко е пропратен со страствен секс. Доколку еден од нив го прекрши пактот на доверба, тоа може да стане врска од пеколот. Нивните раскинувања се исто така многу непријатни.

Ловец и плен

Парот ужива во вечната потера, бидејќи едниот партнер секогаш го лови другиот. Често, кога ќе им стане досадно, парот ги менува улогите, па така ловецот станува плен и обратно. Најмногу стравуваат дека нема повеќе да му бидат потребни на другиот партнер.

Родител и дете

Во овој однос, партнерот спрема другиот партнер се однесува како кон дете. Главна задача му е грижата и задоволувањето на неговите потреби. Таквиот тип на однос се развива најчесто откако парот ќе добие деца или еден од партнерите стане ранлив, на пример откако ќе добие отказ.

Идол и обожавател

Во овој однос сè е црно и бело. Едниот партнер е „прекрасен“, а другиот го обожува. Во ваквата врска нема место за развој.

Деца во шума

Во оваа врска парот дели сè, од мислењата до хобито. Овој тип на врска е чест кај луѓето кои се чувствуваат несигурно. Понекогаш се толку насочени еден кон друг што е тешко да се ѕирне во нивниот свет.

Возрасни

Ова е функционална врска меѓу двајца возрасни луѓе со сите свои интереси и конфликти. Често се комфорни и не се предаваат лесно на страстите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement