Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Верувале или не: со авион до Америка за 10 долари!

Ирската нискотарифна авиокомпанија “Рајанер” планира да воведе летови од Европа до САД по цена од 10 долари!

Директорот на “Рајанер” Мајкл Олари соопшти дека неговата компанија планира да воведе летови до Њујорк и Бостон по цена од 10 долари во еден правец, но пред тоа мора да набави авиони за долги дестинации.

Се планира летовите до Њујорк да бидат организирани од 14 европски градови, а цената на повратен билет да биде околу 20 евра. Во цената на билетот нема да бидат вклучени дополнителните услуги како што се багаж, храна, пијалоци, можноста за бирање на седишта и сл.

Цената на билетот на планираните летови нема да биде 10 евра за сите места, бидејќи местата во бизнис и премиер класата ќе бидат значително поскапи, се додава во соопштението.

За овој проект ќе бидат потребни месеци работа, дури можеби и години.

“Рајанер” во моментов располага со флота од 300 “Боинг” авиони за средни дестинации кои сообраќаат само во Европа. На компанијата и се потребни сериозни инвестиции пред воведување летови до САД.

“За летови до САД потребни ни се 30, 40, 50 авиони”, објасни директорот на компанијата. “За набавка на нови авиони ќе ни бидат потребни пет години, а дополнителни шест месеци додека тие не полетаат за САД”, додава Олари.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement