Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Темелно исчистете ги килимите со овие природни средства

Темелното чистење на килимите обично го темпираме за на лето.

Одстранување на нечистотијата и дамките без одлагање можете да ги направите сами во 3 чекори со помош на 3 делотворни средства.

Пред да се подготвите за темелно чистење на килимите  потребно е целата површина да се помине со правосмукалка. Трите најголеми проблеми на килимот : нечистотијата заплетена на дното од килимот, дамките и непријатниот мирис. Следејќи чекор по чекор со помош на природи средства можете килимот да го доведете во ред.

1. Средство за длабонско перење на килимот
– ½ чаша сода бикарбона
-10 капки етерично масло чедра и 10 капки етерично масло од лимета

Сите состојки ставете ги во пластична кесичка и оставете да одстои еден ден. Смесата истурете ја по целата површина на килимот, попрскајте со малку вода и потоа со четка истријте го добро. Оставете да одстои најмалку половина час, потоа килимот повторно поминете го со правосмукалка.

2. Средство против дамките на килимот
– 3 дцл јаболков оцет
– 7 дцл сок од лимон
– ½ литар вода
– 1 лажица сода бикарбона

Сите состојки ставете ги во сад и добро измешајте ги па во него натопете ја четката и добро истријте ја површината посебно оние делови кај што имаат дамки. Бидејќи оваа смеса е од природни состојки кои не создаваат пена, килимот не е потребно да се мие туку само од кога ќе се исуши ќе го поминете со правосмукалка.

3 . Средство за одстранување непријатни мириси од килимот

-2 лажици природен течен сапун
– 40 мл бел оцет
-½ литар топла вода
– 6 капки етерично масло од лимон

Сите состојки ставете ги во стаклен сад и добро измешајте, на крајот претурете ги во шише со помош на шприци додадете вода. Добро протресете и попрскајте по целата површина на килимот, оставете околу 20, и потоа поминете го килимот со правосмукалка.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Advertisement
spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom