Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Што можат жените да научат од мажите

Иако често жените не го разбираат машкото однесување и сметаат дека, кога е врската во прашање, треба да научат многу работи, како на пример да чистат зад себе, има некои работи кои жените можат да ги научат од мажот.

Изјаснете се

Додека жените воглавно фрустрациите ги задржуваат во себе, мажите имаат тенденција за нив да зборуваат одма. Резултат? Жените стануваат уште пофрустрирани, додека во еден момент не експлодираат, а мажот го кажува она што има да го каже и продолжува понатаму со својот живот. За фрустрациите треба да се зборува, тоа ослободува.

Поинаков поглед

Жените можат да бидат опседнати со детали и заради тоа често не гледаат поширока слика. На мажите им е полесно да видат поширока слика бидејќи не се замараат со најситни детали и анализи. Совет: обидете се помалку внимание да посветувате на деталите и ќе почувствувате олеснување.

Помалку озборување

Никој не сака озборување, а повторно сите понекогаш тоа го прават. Премногу озборување ги излудува мажите. На мажите им е помалку грижа за тоа што нивните пријатели работат и не се споредуваат со нив. Жените се поинакви и понекогаш би требало да се угледаат на мажите кога е озборувањето во прашање.

Помалку замерување

Иако мажот сто пати и се извинува на жената, таа и понатаму чувствува бес. Кога се мажите во прашање, жената треба навистина да ја зафркне работата за мажот и после извинувањето да чувствува бес. Негативната енергија заради лутината не прави добро, но на жените им е тешко некои работи туку така да ги пуштат. Мажите се во состојба да ја исфрлат лутината и да продолжат понатаму.

Фокусирајте се на себе

Жените од мали нозе учат да се грижат за други. Такви работи гледаат додека растат преку мајката и бабата. Заради тоа жените многу губат кога сите ги ставаат пред себе. Мажот може да има фамилија, успешна кариера и ќе се погрижи за тоа да продолжи со своите интереси. И жените би требало да ги задржат своите интереси и после влегувањето во врска.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement