Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Прашања за сексот кои отсекогаш сте сакале да ги поставите

Еве одговори на неколку прашања кои можеби ви било срам да ги поставите или затоа што не сте имале кого да прашате…

Дали е нормално за време на сексот да имам чувство за мокрење?

Сосема е нормално за време на сексот да почувствувате дека ви се оди во тоалет и тоа неконтролирано. Ова е секојдневна појава и кај мажите и кај жените, бидејќи по мала нужда секогаш останува мала количина течност во бешиката. Одредени пози, како што е мисионерската може да прават притисок на бешиката и ја стимулираат течноста да излезе. Ако ова ви се случува понекогаш, нема потреба да се грижите. Но, доколку ова ви се случува постојано, тогаш можеби имате проблем со неможноста да ја задржите течноста.

 

Зошто ми се случува да имам нагони за неконтролирана смеа или ми доаѓа да заплачам ?

Сексот е еден од најемотивните чинови во кој се испреплетуваат безброј чувства кои претходно ги немате почувствувано. Ваквите емоции се јавуваат поттикнати од хормоните, особено ако жената е во ПМС. При поголем наплив на емоции, многумина не знаат да ги контролираат чувствата.

 

Далеку сум од менопауза, имам неодолива желба за партнерот, а долу сум потполно сува…

Постојат многу фактори кои допринесуваат за влажноста на вагината, па тешко е да се каже што точно ја предизвикува оваа појава. Најчесто причинители се контрацептивните средства кои се консумираат орално, иако некои гинеколози сувоста не ја поврзуваат со таблетите. Наш предлог е да пробате да користите лубриканти и веднаш ќе ја почувствувате разликата.

 

Дали е опасно ако крварам за време на сексот?
Доколку крвта е светла и ви се случило само еднаш, најверојатно е резултат на посилно триење или иритација. Но, доколку ова ви се случува често, а крварењата се обилни тогаш е време да го посетите вашиот гинеколог.

 

Колку е непријатен мирисот на вагиналната течност?
Доколку чувствувате непријатен мирис, тогаш најверојатно дошло до пореметување на вагиналната флора. Тоа значи дека станува збор за некоја инфекција, бактериска или габична, или доколку сте во ПМС, тоа може да влијае на пореметување на Ph вредноста на вагината. За да ги спречите инфекциите од овој тип можете да земате вагинални пробиотици кои ја одржуваат Ph вредноста на вагината. Немојте веднаш да помислите дека непријатниот мирис значи дека нешто не е во ред. Сепак сите тие течности имаат мирис кој морате да го толерирате.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement