Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Прашања кои би требало да му ги поставите на идниот маж

Ако сте верни, многу е важно отворено да поразговарате со идниот сопруг за подобро да се запознаете и за да знаете како да се поставите кога ќе се појават проблеми. Психолозите советуваат да поминете низ следниве прашања и на тој начин да го отворите патот кон искреноста и комуникацијата со партнерот. Пробајте, бидејќи никогаш не знаете што може да се случи и какви одговори може да добиете.

 

Ако ја исфрлиме физичката привлечност од нашата врска, што ни преостанува

Кога би се здебелила, како би влијаело тоа врз нашиот сексуален живот?

 

Што не те возбудува сексуално?

Како би влијаело на нашата врска доколку од здравствени причини не можеме да имаме деца?

Дали постои нешто од твоето минато кое би требало да го знам?

 

Што не ти се допаѓало кај претходните партнери?

Дали би ти пречело да не ти ги откријам сите работи од своето минато?

 

Дали некогаш си успеал да се ослободиш од некои лоши навики?

Дали некогаш си бил насилен во претходната врска.

Дали некогаш ти било непријатно кога сум била во друштво од спротивниот пол?

 

Дали би ти пречело да имаме една сметка во банка?

Што ти е на прво место, жената или децата?

 

Дали можеш да ја изгубиш довербата  одеднаш или ти е потребно одредено време за тоа?

 

Дали ми веруваш со парите?

Колку се разликуваме ние двајца? Дали тоа би можело да предизвика конфликти во иднина?

 

Дали постои нешто што те плаши во бракот?

Ако поради работа би морала да се преселам на друго место, дали би ме поддржал во тоа?

 

Дали би можел да го поддржиш моето хоби?

Дали би ти пречело доколку поради некоја причина, нашите родители почнат да живеат со нас?

Дали постои нешто за кое ќе се каеш што не си го направил бидејќи си се оженил со мене?

 

Дали сакаш деца?

Колку долго би сакал да чекаш пред да почнеме да „работиме“ на деца?

Како ќе ги делиме обврските кога ќе имаме деца?

Дали дрдорам? Дали ти пречи кога дрдорам?

Дали ти пречи мојот начин на облекување?

 

Дали те нервира некој од мојата фамилија?

Дали сметаш дека треба да останеме во брак ако цело време сме несреќни?

Дали некогаш чувствуваш дека ти е потребно да се тргнеш од мене?

 

Ако секогаш велиш дека ќе направип нешто и никогаш не го правиш, кој е најдобриот начин да те натерам сепак да го направиш тоа?

На што си се воодушевувал во однос на твоите родители?

 

Кој е најдобриот начин да разговараме за сериозни работи, а ти да не се навредиш?

Зошто понекогаш не сакаш да разговараш со мене?

Дали мислиш дека со мене можеш да разговараш за сè?

Како би реагирале ако би имале финансиски проблеми?

Дали мислиш дека недостатокот на пари е добра причина да немаме деца?

 

Дали би имале буџет?

Кој би ги плаќал сметките?

Дали сакаш да правиш дневен распоред на обврски?

Од што се плашиш?

 

Како би реагирал ако детето ни е геј?

Дали некој од твојата фмилија се противи на нашата венчавка?

Ако си нерасположен, како би можела јас да ти помогнам?

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement