Били Холидеј била силувана од соседот, Сид Вишос го силувале во затвор, Квин Латифа била силувана од дечкото кој ја чувал додека била мала, Рита Хејворт била силувана од својот татко…
Иако на прв поглед се чини дека животот на познатите им е едноставен и лесен, без проблеми и стресови, некои од нив биле силувани и за тоа јавно зборуваат.

Опра Винфри
Денес е кралица на истоименото ток шоу и нема што не може да направи ако посака. Сепак, детството не и било ниту малку како во бајка. Опра Винфри била жртва на силување и психички злоставувана и сексуално напаѓана. Како резултат од тоа, на 14 години родила машко дете кое починало како новороденче.

Ешли Џад
Ешли Џад напишала мемоари под насловот “Се е тоа горко и слатко”. Во книгата таа открила дека била силувана и тоа не еднаш, туку три пати. Првиот пат непознаш маж ја нанамил во празна зграда и ја силувал. Во Париз маж ја нападнал во автомобилот во која влегла бидејки стопирала, а во Јапонија каде била поради манекенство, манекен пробувал да ја натера орално да го задоволи.

Тајлер Пери
Тајлер Пери пораснал во Њу Орлеанс. Од детството има се само не убави спомени. Го силувал роднина и со години бил тепан и го силувале и маж и жена од фамилијата чиј идентитен не сакал да го открие. Пријателка на неговата мајка го затворала во подрум и го тепала, а потоа го силувала. Таткото негов брутално го тепал. Толку многу што еднаш бил три дена во кома. Поради се тоа тој пробувал да изврши самоубиство, но денес е среќен затоа што имал таква вера и го преживеал се тоа.

Рита Хејворт
Рита Хејворт со таткото патувала по цела Америка целото нејзино детство. Едуардо Кансин ја учел ќерката како да игра и притоа бил насилен. Не и дозволувал со никого да се дружи, ја тепал и ја силувал. Рита веќе била порасната кога разговарала со други жени, сватила дека не е ни случајно вообичаено ниту нормално таткото да има со ќерката сексуални односи.

Френ Дешер
Таа била во брак кога била силувана. Френ Дешер и пријателката биле ограбени о силувани во домот за глума. Насилниците нејзиниот сопруг го заврзале и го присилиле да гледа додека таа била силувана.

Тим Рот
Од раното детство и низ тинејџерските години Тим Рот бил жртва на напади и инцести. Глумецот и режисер нагласува дека родителите не го напаѓале, но сака да дознае што било работата. Рекол само дека му е драго што тој што го напаѓал одамна е мртов.
Тори Ејмос
Тори Ејмос била силувана од обожавател. Се прикрал додека таа пеела во некој мал клуб и ја силувал. Со години таа не проговорила за то искуство, но по тоа се одлучила да напише песна “Јас и пиштолот” и направила здружение кое примало повици од жртви кои биле силувани, како би им олеснала за справување со тоа лошо искуство.

Квин Латифа
Таа била силувана од некој млад дечко додека таа била дете. Долго не говорела ништо за тоа, но одлучила се да каже кога го изгубила својот 22 годишен брат. Нејзината мајка останала запрепастена, а татко и не рекол ништо. Долго време одела на психијатар како би се научила да се сноси со таа траума.

Били Холидеј
На 11 годишна возраст нејзината мајка ја изпишала од школо. Еден ден кога нејзината мајка дошла дома, ја затекла својата жерка како ја силува комшијата кога таа имала само 11 години. Тој бил осуден на затвор. Мајката на Били се преселила во Харлем и работела како проститутка, и поради тоа таа била и во затвор.

Сид Вишос
Тој поминал 55 дена во затвор поради сомневање дека ja избодел и убил Ненси Спанџен. Додека бил во затвор басистот на Sex Pistols бил неколку пати силуван. Сид и Ненси биле зависници од тешки дроги и често се карале. По смртта на Ненси тој пробал да се самоубие но не успеал. Починал од предозирање со хероин.

Мекензи Филипс
Имала 19 години кога била силувана. Глумицата тврди дека ја силувал нејзиниот татко Џон Филипс пеачот на групата Мамас енд Папас. Ја силувал ноќта пред да се омажи. Во интервју на Опра Винфри, Мекензи раскажала како е во инцестната врска со таткото била десет години. Таа забременила и тој платил абортус.Исто така тој и давал и кокаин кога имала 11 години.

Тери Хачер
“Очајната домаќинка” Тери Хачер нејзиното детство го памети по ужасна траума. Кога имала само 5 години била силувана од нејзиниот вујко. Глумицата во 2002 на суд сведочела против силувачот. Била пресреќна кога го осудиле на 14 годишна затворска казна.


You must be logged in to post a comment Login