Една жена одлучила на својот сопруг кој ја изневерил и го уништил нивниот 28-годишен брак, да му напиште јавно писмо кое е објавено на сајтот на Гардијан. Госпоѓата сакала да остане анонимна, но писмото е објавено во целост.
“Поминаа речиси 12 недели откако ги видов оние ужасни пораки кои го потврдија мојот сомнеж дека не си ми верен. Две години се прашував дали сеуште ме сакаш, бидејќи не се чувствуав сакано, до толку што понекогаш и те прашував дали ме изневеруваш. Се чувствував дека ме избегнуваш. И секој пат ме убедуваше дека ме сакаш, дека немаш љубовница, а јас поради тоа бев среќна, барем на кратко.
Сепак, чувствував дека нешто не е во ред, но бидејќи ти ме убедуваше дека сѐ е во ред, почнав да се сомневам во сопствениот разум. Не се чувствував добро, почнав да добивам напади на паника и анксиозност. Нашите деца се прашуваа зошто толку често излегуваш и не го поминуваш времето со мене или со семејството. А ти и понатака се однесуваше себично.
На почетокот, кога ти се спротивставив за пораките оној ден, тврдеше дека тоа било само за една ноќ. Иако тонот на пораката беше “близок” и не оддаваше впечаток дека е само од една ноќ, кога те препрашав, истото ми го одговори.
Следниот ден ти веднаш организираше да одиме на советување за парови. Пет минути пред да почне сеансата ми соопшти дека всушности ти си во врска цели 18 месеци.
Мојот свет се сруши. Бев целосно избезумена. Ти беше сиот мој свет – мојот пријател, мојот единствен љубовник, и ме повреди толку многу што сѐуште не сум свесна за тоа.
Недела дена подоцна одлучи повторно да ми забиеш нож во грб и ми призна дека аферата всушност трае две години. Потроши дел од нашата семејна заштеда на оваа жена, за да ја водиш на луксузни патувања за викенд. Ми велеше дека купуваш вино секогаш кога одеше да се најдеш со неа, и како што сам рече, за да ти помогне да “направиш добро дело”, зашто тоа било само “пијан секс”.
И купи цвеќе, албум со ваши фотографии и ѓердан за роденден. Ја однесе на неколку концерти, вклучувајки го и “V” фестивалот. Заедно спиевте во хотелот веднаш после денот на вљубените, а тоа воедно беше и неколку дена пред нејзиниот роденден. А за целото тоа време ме лажеше со кого се гледаш и што правиш. А јас имав толку многу доверба во тебе.
Таа жена е твоја колешка од работа, и очеигледно ја гледаш секој ден, иако ми кажа дека повеќе “не се гледате”. Не сум сигурна дека можам да ти верувам после толку искажани лаги. Нажалост, никогаш нема да знам дали и понатака се гледате, бидејќи сега можеш да правиш што сакаш зашто веќе не сме заедно. Толку добро ме изневери.
Продолжи да се однесуваш со мене со презир. Не покажуваш ни ронка каење за она што го направи, а не покажуваш никакви емоции спрема мене или загриженост како се чувствувам – се однесуваш како ништо да не се случило и ниту еднаш не заплака.
Ми кажа дека веќе подолго време не ме сакаш, што вистински ме вознемири зашто никогаш не го спомна тоа како проблем на кој треба да работиме. Бевме заедно цели 28 години, а тоа се толку многу спомени кои ти едноставно ги отфрли.
Сѐ е толку болно. Уништена сум затоа што ти одлучи дека нашата врска е готова, а уште пострашно е што реши да ѝ ставиш крај на таков начин и што таа ужасна, безчувствителна жена направи да биде дел од нашиот брак.
Велиш дека ти е жал, но тоа се само празни зборови во споредба со болката која ми ја нанесе мене и на нашите деца. Изгубив маж, најдобар пријател, и не сум сигурна дека некогаш ќе застанам на нозе по болката која ми ја нанесе.”

You must be logged in to post a comment Login