Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Од 25 до 35 годишна возраст патиме од “четвртовековна криза”

Иако во периодот од 25тата до 35тата година луѓето се наоѓаат во најпродуктивниот период од својот живот, за голем дел од нив, тоа е период на паника и сомневање во самите себеси, или таканаречена “четвртвековна“ криза.

Соочени со премногу избори, денешните млади ги чувствуваат симптомите на средовековната криза предвреме, покажаа резултатите од истражувањата.
Денешните млади, обидувајќи се да донесат правилни одлуки, често пати се вознемирени, депресивни и се чувствуваат заробени во брак или работа кои не ги исполнуваат нивните очекувања.
Овој феномен денес е почеста појава, отколку во минатото, смета истражувачот од Универзитетот Гринвич, Оливер Робинсон.
При интервјуирањето на 50 луѓе на возраст од 25 до 35 години околу тешкотиите при снаоѓањето во разни животни ситуации, доктор Робинсон дошол до заклучок дека денешните млади прават повеќе промени можеби и прерано во својот живот, отколку што тоа се случувало порано.
Во денешно време постои поголема раздвиженост кога станува збор за работата, бракот и врските, или што би се рекло, поголеми животни промени се поприфатливи од порано.
Во минатото, луѓето на поголеми животни промени се одлучуваа во периодот кога поминуваа низ средовековна криза.
Денешните млади се под голем притисок да ги исполнат очекувањата на нивните родители: да најдат добра работа, да заработат многу пари и за многу брзо време да станат успешни.
Ова се поврзува со фактот што во природата на луѓето на 20 и 30 годишна возраст е да сакаат се и да не се задоволуваат со обичен, просечен живот.
Една поголема реевалуација на животните избори можеби луѓето ги исфрла од колосек, но на крајот на краиштата сепак се исплати, бидејќи по неа луѓето се чувствуваат послободни.
Тогаш на оние кои страдале или страдаат од “четвртвековна криза“ ќе им биде драго што го намалиле ризикот да претрпат средовековна криза понатаму во животот.
Истражувачот, доктор Робинсон смета дека луѓето кои претрпеле “четвртвековна криза“ имаат помали шанси да доживеат друга криза во животот, бидејќи животот кој ќе го водат по претрпена криза ќе биде во основа поздрав од оној кој го имале претходно.
Според Кери Купер, професор по психологија на Универзитетот Ланкастер, денешната младина е соочена со најразлични предизвици кои ги наметнуваат родителите. Се случува луѓето на возраст од 20 до 30 години кога ќе влезат во раните триесетти да имаат променето по дури пет работни места. Тие влегуваат во свет полн со избори, но и помалку сигурност и организираност.
Луѓето со претприемнички дух и флексибилни сфаќања ќе можат да се снајдат, но останатите нема да поминат баш најдобро, смета Купер.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement