Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Нескротливи жени: Зошто на некои девојки им е потребна авантура, а не љубовен партнер?

Нескротливите жени сакаат да се движат колку е можно повеќе, да го видат светот, да запознаат нови луѓе како и да се оддалечат што подалеку од обврзувањето. Тие се заљубени во слободата и не сакаат да бидат дел од брачна заедница. Тие се посветени на својот слободен стил и ништо не може да го одвлече нивното внимание во спротивна насока. Токму затоа можеби и им се привлечни на многу мажи, кои се обидуваат да ги скротат, но сепак никој од нив не успева…

Бракот вклучува завети, но таа сака да ги крши правилата

Нескротливата жена ги цени основите на бракот, но таа едноставно не сака да биде врзана. Таа знае дека не треба да влегува во мали простории или врски бидејќи не сака да се згуши. Таа е слободен дух и затоа не прави ништо што не верува дека може да го заврши.

Бракот вклучува прашања, но таа не сака да одговара никому

Таа не сака да одговара никому, а тоа го вклучува и партнерот. Таа си е доволна сама на себе и никогаш не е дел од заедница. Нејзината слобода настанува од нејзиното своеволно однесување, таа едноставно не е навикната да им кажува на другите што планира да прави или каде сака да оди.

Бракот вклучува обврзување, но таа сака само да се забавува

Не дека таа не може да се обврзе, туку едноставно не сака да го стори тоа. Таа го живее својот живот како номад и одбива да биде приземјена од обврските, дури и ако се наменети само за неа.

Бракот вклучува стабилност, но таа ужива во хаосот

Нескротливата жена живее спонтано. Таа во секој момент може целосно да го промени својот живот и да ги напушти сите свои стари навики, почнувајќи сосема нов животен стил. Никој не може да го предвиди нејзиното однесување, дури ни таа самата.

Бракот вклучува бебиња, но таа и самата е сè уште дете

Таа воопшто не е доволно зрела за да се грижи за уште едно човечко суштество. Таа не гледа на својот живот како на серија штиклирани квадратчиња, туку како на линиите кои ги поврзуваат. Таа сака да ги искуси сите оние нешта кои паровите ги пропуштаат, па дури потоа да почне да размислува посериозно.

Бракот вклучува рутина, но таа мрази распоред

Таа никогаш нема да биде подготвена да руча точно во 5 часот бидејќи едноставно не знае каде ќе биде или што ќе прави во тоа време. Идејата да има дневна рутина за неа е пострашна од која било друга помисла.

Бракот вклучува засекогаш, но таа живее во моментот

„Засекогаш“ звучи убаво, но не и забавно. Нескротливата жена не се потпира на долготрајноста, бидејќи е целосно насочена кон сегашноста. Таа живее за следните неколку минути, не за годините или пак, декадите. Таа не знае дури ни што ќе се случи оваа вечер, па токму затоа и секое следно доживување, без разлика колку е мало, го искусува како големо изненадување.

Бракот вклучува компромис помеѓу двајца, но таа сака да се слуша само себе

Далеку од тоа дека нескротливата жена не се грижи за другите, туку таа секогаш се става себеси на прво место. Таа се грижи самата за себе и се сака на еден силен начин како што секоја жена би требало да се сака.

Бракот вклучува подеми и падови, но таа сè уште се обидува да достигне одредени височини во својот живот

Бракот значи спуштање на земја и живеење покрај една личност во сите тешки, добри, лоши и неверојатни времиња. Таа сака да ужива колку што е можно повеќе во својот пат, воздигнувајќи се себеси и сè уште не е подготвена тоа да го прави и за некоја друга личност. Таа е нејзиниот извор на подеми и падови и никогаш не дозволува никој друг да ја контролира нејзината брзина.

Бракот вклучува споделување, но таа сака да биде слободна

Бракот е нешто во кое двајца стануваат едно. На тој начин вие се откажувате целосно од вашиот нов живот и започнувате со нешто сосема ново. Нескротливата жена не сака да започне со нов живот, таа е совршено задоволна со оној кој моментално го живее.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Wall Street

Ана Винтур е британско-американска новинарка и уредничка, позната по нејзината улога како главен уредник на магазинот „Vogue“ од 1988 година. Со препознатливите знаци на...

Fool Moon

Есента пристигна денес, и ние зачекоривме во сезоната кога лисјата паѓаат, мрачни облаци лебдат над небото, а звукот на долг дожд нè заспива. Деновите...

Route 66

Собирот за автомобили на љубителите на тјунингот Race1000 неодамна собра неколку навистина брзи машини во Германија, а меѓу големиот број се тјунирани автомобили, каде...

Fine Living

Постојат неколку проблеми кои дефинитивно треба да се избегнуваат во разговорот, без оглед на вашите добри намери.Дури и ако се сметате за пристојна личност,...