Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Некогаш убаво изгледаа, но се одлучија да направат пластична операција. Погледнете како изгледаат денес!

Наместо да изгледаат помлади и поубави, овие славни личности изгледаат многу пострашно отколку пред хируршкиот зафат. Кај некои од нив пластичната операција предизвика сериозни здравствени проблеми.

ТОРИ СПЕЛИНГ

Здравјето на Тори Спелинг сериозно било нарушено по пластичната операција. Силиконските градиѝ  предизвикале  големи болки и деформација на градите. Славната актерка потоа поднела тужба против пластичниот хирург.

Меѓутоа, тоа за Тори не претставувало доволно добра причина да се откаже од “пластичното” разубавување. По неуспешната корeкција на градите таа направила уште неколку пластични операции.

МЕГ РАЈАН

И Мег Рајан не остана рамнодушна на идејата за вечната младост и убавина. Таа ги зголеми усните и вгради силикони во образите. Многумина нејзиниот изглед го споредуваа со ликот од цртаните филмови како и со Џокер, непријателот на Бетмен.

ЏЕНИФЕР ГРЕЈ

Дали ја препознавате? Ова е партнерката на Патрик Свејзи во “Dirty dancing”… Публиката ја засака Џенифер заради добрата глума и природната убавина. Но тоа како да не ѝ беше доволно. Симетричниот нос го направи “уште по симетричен”. А кога хирургијата ги вмеша прстите во она што природата го дала, резултатите беа трагични.

 

ТАРА РИД

Убавината на Тара Рид беше тема на која многумина коментираа, но во Холивуд се чини дека сите патат за совршен изглед. Некогаш убавата Тара одлучи да направи пластична операција на градите и стомакот. Ова е уште еден доказ дека во битката помеѓу природното и вештачкото, ова првото секогаш победува.

 

 

ДОНАТЕЛА ВЕРСАЧЕ

Донатела Версаче од дваесетите години па се до сега има направено бројни пластични операции. Таа го држи рекордот во посетите кај пластичниот хирург, а нејзините преголеми усни се пример што никогаш не смеете да помислите да направите. И нејзината ќерка тргна по истиот пат… Жената која толку добро го валдее “текстилот”, се сопна на сопствениот изглед.

МАЈКЛ ЏЕКСОН И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО

Кога се споменуваат пластичните операции многумина најпрво помислуваат на Мајкл Џексон. И тоа со причина. Поп легендата беше препознатлив по крајната неумереност на ова поле. Не се знае колку пати го оперирал носот, образите и брадата… И неговите сестри Џенет Џексон и Ла Тоја имаат направено бројни пластични операции на носот.

МИКИ РУРК

Некогаш убавиот и атрактивен Мики Рурк се обиде да ја сочува младоста. За жал, со пластичната операција целосно го уништи својот изглед.

МЕЛАНИ ГРИФИТ

Едно е кога сакате пополни усни, а друго е да сакате усни кои се толку големи што не изгледаат воопшто природно. Од толку многу затегнување, нејзиното лице изгледа неприродно, а мимиката е целсосно уништена. Нејзиниот сопруг, Антонио Бандерас уште пред две години ѝ запретил: “уште една операција и следува развод.” Сѐуште се во брак, но штетата на нејзиното лице веќе никој не може да ја поправи.

ЖОЗЕЛИН ВАЈЛДСТАЈН

Оваа жена постана она што пластичната хирургија не смее да биде. Неумереноста во секој поглед и на секој дел од нејзиното лице направи Жозелин да изгледа како анти реклама за оваа гранка во медицината.

Прочитај

Four Seasons

The Muraka, Maldivi Нема ништо подобро да се избега од реалноста, од вистински луксузен подводен стан. Како дел од островот „Conrad Maldives Rangali“, „The...

Fine Living

Ако некогаш сте посакале да живеете во Бел Ер, ние имаме совршена понуда за вас … Со цена од 16,89 милиони долари, вилата за...

Wall Street

Детали покриени со златен лист и рефлективни панели се главните карактеристики на стилот „Арт Деко“ во овој париски ресторан, кој британскиот дизајнер Џон Велан...

Fine Living

На Бел Ер има многу импресивни мега-вили, но само неколкумина имаат архитектонско значење до таква мера како онаа за која денес зборуваме… Позната како...