• Сподели на:

Најсмешниот оглас за ЈУГО: Како американец го продава овој познат автомобил

___

„Најлошиот автомобил кој може да го имате“

„Продавам куп ѓубре под името Југо. Го дизајнирал ретардиран инженер, а го составила група на пијани работници.“ Вака гласи почетокот на огласот за продажба на „Југо“ на познатата американска страница „Craigslist” која е наменета за мали огласи.

Продолжува: „ Неговите перформанси и управување одговараат на карактеристиките на количките во супермаркетите од 99 центи. Можете да сметате дека моторот ќе се запали секое утро, исто како што можете да се потпрете на Бернард Мадоф  ( кој прелажа илјадници американци и ги оштетил за вкупно 65 милијарди долари)

Непознатиот огласувач вели дека вредноста на Југото е трајна како и вредноста на куќите во предградието на Алабама.

„Конзерва од Кока Кола е поиздржлива од овој автомобил. Еден сопственик, сите оригинални документи, прв пат е регистриран 1988 година, регулирани сопственички односи во Калифорнија, без сообраќајни незгоди.“

Рекламата завршува вака: „Најлошиот автомобил кој можете да го имате. Не очекувајте дека купувачите ќе се тепаат за него. Донесете 2200 долари ( или најмногу што можете да понудите) и обезбедете си дел… од историјата.“


Оставете коментар

___