• Сподели на:

Лак за нокти кој те чува од дрога и силување

___

Замислете на ноктите да имате лак кој ја менува бојата доколку прстите ги потопите во пијалок во кој некој ви ставил дрога? Токму на тоа работат студентите од Северна Каролина.

На Универзитетот Северна Каролина, четворица студенти се обидуваат да направат специјален лак за нокти. Тој би ја менувал бојата доколку дојде во контакт со синтетички дроги, кои пак ги користат силувачите.

Благодарение на лакот кој се нарекува ”Undercover Colors”, девојките би можеле да откријат дали нивниот пијалок има непосакувани состојки.

„Во САД, 18 проценти од жените се сексуално злоставувани во текот на својот живот. Тие се наши сестри, ќерки, девојки, другарки. Нашата цел е да измислиме технологија која ќе ги заштити од овој одвратен сèприсутен криминал. Во суштина, сакаме да го префрлиме стравот од жртвите врз сторителите“, велат творците на специјалниот лак за нокти..

Им држиме среќа да успеат!


Оставете коментар

___