• Сподели на:

Кое однесување може да биде заразно

___

Сигурно знаете дека грипот е заразен, истотака и зевањето. Меѓутоа постојат и одредени емоции и облици на однесување кои можат да се пренесат меѓу луѓето.

Веројатно на тоа не сте ни помислиле, ама и стресот може да биде заразен. Некои истражувања покажале дека доволно е да видите некоја нервозна личност и во вашиот организам да се зголеми нивото на кортизолот, хормонот на стресот.

И туѓите цели можат да ве “заразат”. Веројатно сте забележале како децата не се заинтересирани за некоја играчка се додека некое друго дете не ја земе истата. Постои и логична причина за тоа. Учесниците во студијата оцениле дека некој предмет е повеќе посакуван кога некој друг го поседува.

За жал, и чувството на осаменост на некоја личност може да се пренесе на вас. Осамените луѓе се однесуваат кон други негативно и непријателски, поради што потоа и тие луѓе се однесуваат така кон некои трети итн. Тоа е т.н. “круг на негативност и осаменост”.

Стравот исто така може да се пренесе од личност на личност.

Сепак, не се само негативните чувства и однесувања “заразни”. За некој да ви пренесе среќа доволно е да бидете во директен контакт со таа среќна личност. Окружете се со среќни луѓе, меѓутоа и вие трудете се некому да му пренесете среќа.

Кога гледате во некој кој се чеша, веројатно е дека и самите ќе почнете да чувствувате дека и вас ве чеша. Причина за тоа е дека во тој момент во вашиот мозок се активираат истите рецептори кои се активни кај личноста која што чувствува физичка потреба за чешање. Објаснување за ова е емпатијата.


Оставете коментар

___