Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Карактерите на луѓето со нулта крвна група – Енергија е нивното второ име!

Припадниците на оваа крвна група се енергични, фокусирани и проактивни.

Нулта крвната група е  првата крвна група на нашите предци кои биле лукави агресивни грабливци.   Основните каратеристики на припадниците на  оваа крвна група остануваат да бидат важни и до ден денес, секаде.  Водство, проактивност, енергија и фокусираност се едни од најдобрите особини кои ги поседуваат луѓето со Нулта крвна група.

1

Овие луѓе се генерално силни и продуктивни, но кога се под стрес, можат да бидат лути, хиперактивни и импулсивни. Лошата исхрана, недостатокот на вежбање или повишеното ниво на стрес , ги прави овие луѓе повеќе подложни на заболувања , вклучувајќи ја и инсулинската отпорност, намалена активност на жлездите и зголемување на телесната тежина.

Тие  имаат предиспозиции за одредени болести како што се чиреви  и пореметување на работата на жлездите. Припадниците на нулта крвната група често имаат ниско ниво на хормони во жлездите и недоволно ниво на јод – хемиски елемент чија единствена функција е регулирање на жлездите.  Ова е главниот причинител за многу нус појави како што се зголемување на телесната тежина, задржување на течностите и уморот.

Исто така, за разлика од другите крвни групи, луѓето со нулта крвна група имаат повисоко ниво на желудочна киселина што често резултира со иритација и чиреви на самиот желудник.

 

Карактеристики

Она што за припадниците на  нулта крвната група важи е дека се генетски преодредени да бидат силни, продуктивни, долговечни и оптимисти.

Во Јапонија, крвната група долго време ја поврзувале со типот на личноста.

До ден денес, сеуште се случува на интервју за работа да ве прашаат која крвна група сте.

Припадниците на нулта крвната група најчесто се опишани како одговорни, одлучни, организирани, насочени, совесни и практични. Се смета дека овие луѓе многу подобро можат да се ориентираат и дека се подобри логичари. Сево ова произлегува од верувањето дека нивните предци биле ловци кои морале да ја надгледуваат и точно да ја проценат околината како би го осигурале својот опстанок.

Стресот обично се манифестира со претерана лутина и хиперактивност. Луѓето со оваа крвна група се повеќе подложни на деструктивно однесување кога се претерано уморни, депресивни или кога им е досадно. Ова деструктивно однесување може да се манифестира преку коцкање, барање на дополнителна возбуда, превземање на ризици и импулсивност.

Совети за поздрав живот

 

–          Избегнувајте кофеин и алкохол. Кофеионот може да биде особено штетен заради подигањето на адреналинот кој е веќе на високо ниво кај припадниците на оваа крвна група.

–          Редовната физичка активност е клучна бидејќи го опушта цело тело. Повеќе од било која друга крвна група,на  нулта крвната група и е препорачлива физичка активност за одржување на здравјето и емоционалната стабилност и тоа препорачливо по три до четири пати во неделата. За најдобри резлутати, препорачлив е аеробик 30-45 минути, минмум четири пати неделно.

–          Организација.Направете јасни планови со цели и задачи, без разлика дали се годишни, месечни, неделни или дневни за да ги избегнете импулсивните задачи. Воведете го овој начин на живот постепено.

–          Храна. Конзумирајте ги сите оброци, дури и меѓуоброците додека седите на маса. Џвакајте ја храната полека и јадете опуштено.

–          Избегнувајте да донесувате големи одлуки или да трошите многу пари додека сте под стрес. Кога се чувствувате мрзоволно, размрдајте се со некаква физичка активност.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Advertisement