Срамежлива или внимателна или отворена и надмена? Откриј која заводничка стратегија ти одговара најмногу, кога треба да стиснеш на гас, а кога да закочиш – и освој го дечкото дур да трепнеш.
Замисли ја сцената – си седиш на плажа, се сончаш, а пред тебе одважно се шета Г. Мускуло (а ти го посматраш веќе половина час низ твоите наочари) зашто топката за одбојка (секако сосем случајно) му паднала покрај твојот пешкир.
Ти:
- Ќе му се насмееш и ќе го прашаш дали може и ти играш одбојка со него
- Ќе му се насмевнеш помалку срамежливо и ќе си продолжиш да читаш
Всушност, судејќи по книгата која настанала како резултат на спроведено истражување меѓу 4500 испитаници, има пет основни начини на заведување кои гарантираат дека ќе завршиш на состанок. Др. Џефри Хол, авторот на книгата “The Five Flirting Styles”, тврди дека повеќето од нас се служат со овие стилови, но сепак преферираме еден од нив. Кога еднаш ќе ги совладате сите стилови лесно ќе препознаете кој е за него идеалниот начин на заведување и ќе ви биде полесно да се прилагодите на вашата освојувачка стратегија која ќе ви загарнтира успех. Но, секое од начините на заведување има јаки и слаби страни, па затоа за секој еден од нив наведуваме упатства кои ќе ви помогнат да ги избегнете опасностите. Спремни сте да заведете некој добар фраер?
Физичка
ПРОФИЛ НА ЗАВОДНИЧКА: Ова е најочигледниот начин на заведување. “Ако постои стил кој може да дефинира заведување, тогаш сигурно овој е тој.”, изјави др. Џефри Хол. “Што не значи дека оние кои заведуваат на овој начин се подобри заводнички од останатите – оваа стратегија понекош ќе упали, ама не секогаш”.
Физичките заводнички зборуваат со говорот на телото, си кажуваат што им паѓа на памет и не срамат отворено да ги покажат своите чувства – така без срам ќе го погалат мажот по раката или со прстите ќе му поминат низ косата и ќе го гледаат во очи додека разговараат.
ОПАСНА ЗОНА: Ако и ти си една од нив, размисли добро што посакуваш. “Физичките заводнички имаат склоност да си веруваат дека личноста која ја заведуваат покажува интерес, а тоа да не е така”, тврди др. Хол. На мажите може да им стане непријатно бидејќи поголемиот број на овој тип заводнички ги доживуваат како “поигрувачки”. Па ако барате озбилна врска, дигнете рачна.
Пристојна
ПРОФИЛ НА ЗАВОДНИЧКА: Пристојните заводнички имаат поконзервативни сваќања и тешко дека ќе запознаат дечко во ноќен клуб, нив поинтересен им е другарот на нивниот другар. “Пристојното заведување е повнимателно, повеќе е базирано на одредени правила, а од нив ретко се слушаат двосмислени шеги или сексуални алузии”, вели др. Хол. Тие внимаваат да не испадне дека премногу се трудат, нема да се посрамотат или да покажат дека им премногу или премалку им е дојдено до тоа. Пристојните заводнички сметаат дека отворените луѓе се непристојни и агресивни. Ним не им годи кога некој им ласка, а уживаат во трајни и сериозни врски.
ОПАСНА ЗОНА: Присотјните заведувачки се како нинџа – заведуваат нечујно па постои опасност да нивните “жртви” и да не приметат дека тие всушност заведуваат! Др. Хол советува: “Можеби морате да го појачате интензитетот на заведување. Ако сакате да го поканите на ручек, променете го планот, викнете го на вечера и отворете едно шише вино. Или предложете му прошетка на зајдисонце, зарем не очигледно?! ”
Разиграна
ПРОФИЛ НА ЗАВОДНИЧКА: Тие заведувањето го сфаќаат како игра. Симпатични се, сакаат да се дружат, да флертуваат со мажи и сакаат кога им се допаѓаат на луѓето. “Разиграните заводнички не веруваат дека треба да заведувате некого само доколку сакате врска – тие тоа го прават заради самото заведување, за нив тоа е игра, а не обид да отпочнат врска”, објаснува др. Хол, и додава дека тоа се девојки кои без проблем трепкаат со очињата за да се извлечат од плаќање казна кога немаат платено билет во автобус.
ОПАСНА ЗОНА: Заради природната потреба да заведуваат сѐ и сешто, разиграните заводнички потешко остваруваат серизна врска, особено ако партнерот не свати дека тие имаат потреба од заведување. И што ако дечкото на кого сте му фрлиле око е баш таков? “Можеби тоа за него е како спорт – заведување кое не завршува со врска. Всушност, можеби тој е веќе во врска”, предупредува др. Хол.
Искрена
ПРОФИЛ НА ЗАВОДНИЧКА: Искрена заводничка која сака да воспостави врска и знае дека тоа ќе го постигне ако на потенцијалниот партнер му зборува за себе и така и нему му го одврзува јазикот. Овие девојки не ги привлекува само физичкиот изглед, тие веруваат во емотивна поврзаност. “За овој стил на заведување карактеристична е желбата да се сруши секојдневната фасада за да можат подобро да се запонзаат и да остварат цврста врска”, вели др. Хол.
ОПАСНА ЗОНА: Убаво е да споделувате, но внимавајте да не откриете сѐ за себе, особено не пребрзо. “Добро е на првиот состанок да се разговара за важни теми, но морате да знаете дека личноста со која излегувате не е ваш психолог и дека поголемиот број луѓе можете да ги оттргнете од себе ако им зборувате за вашите проблеми”, додава др. Хол. Забавете малку и чувајте ги проблемите под килим додека не се запознаете малку подобро.
Ако и тој е искрен, бидете трпеливи. “Тој можеби ќе ве чека да го направите првиот чекор”, предупредува др. Хол. “Искрените заведувачи веруваат дека не е пристојно да ја втурнете жената во една врска на било каков начин, па затоа ќе почекаат за да ви се разбудат чувствата кон нив.”
Традиционална
ПРОФИЛ НА ЗАВОДНИЧКА: Сетете се на добрата стара школа: идејата водилка на традиционалните заведувачки е дека мажот мора да го направи првиот ческор и дека жената не треба да го прогонува мажот кој и се допаѓа. Верувале или не овој тип на заведување е актуелен и денес во 21 век. Од традиционалната заводничка ќе слушнете изјава како: “Заслужувам да ме размази” или “Агресивните жени се промискуитетни”. Но, во традиционалниот стил постои традиционален маж, а не традиционална жена.
ОПАСНА ЗОНА: “Заводничките од овој тип може да наидат на потешкотии во привлекување на внимание кај мажите бидејќи се попасивни од останатите”, предупредува др. Хол. Така и мажите кои влегуваат во овој тип на заведувачи почесто остваруваат врска со жена која подолго време ја познаваат. “Иако е во ред да му препуштите на мажот на почетокот да трча по вас, ќе го цени тоа и вие да потрчате малку по него”, советува др. Хол. Па што чекате?!

You must be logged in to post a comment Login