Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Како се ракувате: Според јачината на стисокот ќе откриете колку долго ќе живеете

Тајната на здравиот живот, поточно процената за прерана смрт, срцев или мозочен удар може да ја откриете и преку дланките.

Истражувањето спроведено на повеќе од 14 илјади испитаници во 14 земји покажало дека силата на стисокот со дланките е подобар показател за здравствената состојба од крвниот притисок.

Максималната сила на стисокот со текот на годините се намалува, но на оние кои им се губи со побрзо темпо, имаат поголем ризик од здравствени проблеми.

Жените во 20-тите имаат сила на стисокот од околу 34 kg, а мажите околу 54 kg, што кај жените во 70-тите години им паѓа на 24 kg, додека кај мажите на 38 kg.

Истражувањето покажало дека намалената сила за 5 килограми, го зголемува ризикот за предвремена смрт за 16 отсто, а шансите за фатален срцев удар се зголемуваат за 17 отсто, додека за мозочен удар се зголемени за 9 отсто.

Истражувачите наведуваат дека мерењето на силата во стисокот поточно ја предвидува здравствената состојба отколку крвниот притисок, што укажува на потребата за да се обрне поголемо внимание.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement