• Сподели на:

Како се однесуваат астролошките знаци кога имаат недостаток од секс?

___

Овен

Овните се вистински секс зависници. Тешко си ја контролираат зависноста од сексот и не сакаат ни најкратка апстиненција. Во тој случај се предаваат на еротските магазини и филмови, што понекогаш уште повеќе им ја разгорува фантазијата. Во таквите моменти не се ни најмалку тактични, ниту пак романтични.

Бик

Биковите први тргнуваат во напад, но само кога ќе им се спојат емоциите со сексуалниот нагон. Тоа е причината зошто успешно ги контролираат сексуалните нагони. Иако се труди со ништо да не покаже колку е фрустриран, долгиот период без секс може да го загрози и воздржаниот бик.

Утехата за своите фрустрации ја наоѓаат во храната и во еротските магазини кои му го ублажуваат чувството на празнина. Многу брзо се впуштаат во освојување на спротивниот пол, но вистинската страст ја покажуваат во креветот.

Близнаци

Љубопитните Близнаци сакат секс и сакаат да ги менуваат своите партнери штом почувствуваат заситеност во врската. За нив сексот е многу важен па кога апстинираат се чувствуваат изгубено и дезориентирано.

Ако сакаат да ве однесат во кревет знаат да бидат многу досадни. Немаат нерви за различни трикови, но се многу добри актери па додека да трепнете ќе ве прелажат. Откако ќе ве прелажат одат во потрага по нов извор на страст.

Рак

Романтичниот Рак е еротско суштество, но нема силна потреба за секс. Долго се хранат со надежта за вистинската љубов, па сметаат дека за неа вреди да бидат изложени на долга апстиненција.

Чувствата и сексуалниот нагон мора подеднакво да им бидат застапени, инаку ќе бидат разочарани и депресивни. Многу Ракови живеат во светот на еротските фантазии кои претставуваат компензација за реалниот сексуален живот.

Лав

Лавовите размислуваат за секс 24 часа. Уживаат во водењето љубов, но сексот им го храни егото. Кога апстинираат се нервозни и се склони на вербални расправии.

Тие сакаат да се фалат со сексуалните потфати и со бројот на партнерите. Па ако некој ви кажува колку е добар во кревет и ви ветува урнебесна вечер, знаете што е во хороскоп.

Девица

Со нивниот ладен став оставаат слика за себе како да не им е воопшто дојдено до секс. Вистината всушност е дека тие сакаат многу нежности и галење. Недостатокот од секс многу тешко им паѓа, па стануваат непријатни за околината.

Недостатокот од секс го компензираат со работа. Ако се во врска во која немаат доволно секс, ќе се одлучат за двоен живот.

Вага

Вагата не е зависник од секс туку од љубов. Романтични и нежни, тешко ја поднесуваат осаменоста и сексуалната неактивност, па во такви мигови знаат да се оддадат на промискуитет.

Вагите се големи заводници, па сексуалните активности им го хранат егото и секогаш бараат признание или потврда.

Скорпија

Незаситените Скорпии патат од синдромот на пренагласен секс. Нивната страствена природа  ги принудува да си ги задоволуваат нагоните и тоа, што е можно почесто и што повеќе.

Скорпиите може да ја изгубат самоконтролата и да станат опседнати со сексот. Кога освојуваат не се предаваат додека не го добијат посакуваното.

Стрелец

Темпераментите Стрелци сакаат секс на секој можен начин. Веднаш би прифатиле секс за една ноќ, но тоа доживување брзо го забораваат. Сексуалната енергија ја ослободуваат преку спорт, рекреација и забава.

Стрелците се спонтани и можеби токму тоа е тајната на нивната успешност во освојување на спротивниот пол.

Јарец

Јарците со познати како луѓе со изразена самоконтрола и поради таа карактеристика можат долго да ги потиснуваат сексуалните нагони. Тоа не значи дека немаат никакви нагони напротив, тие се многу страствени, но се пребирливи кога е во прашање изборот на партнер.

Јарецот е сексуално активен онолку долго колку што партнерот го привлекува. Затоа Јарците сексуалната апстиненција ја поднесуваат подобро од било кој друг знак. Можат да издржат без секс со месеци, па и со години, а тоа да не се забележи во нивното однесување.

Водолија

Водолиите не се толку зависни од секс и долго можат да апстинираат. Подготвени се отворено да признаат колку долго сексуално не биле активни, мислејќи дека тоа е природна појава. Во сушниот период времето го пополнуваат со забава со пријателите или со некое хоби, додека не излезе некој спонтан интимен момент или врска. Лесниот плен не претставува предизвик за Водолиите.

Риби

Рибите често се жртви на своите длабоки романтични чувства кои делуваат на секој дел од нивниот живот, па така и на сексуалните односи. Не разликуваат секс од љубов, па често се заљубуваат во оној  партнер со кој имаат сексуални односи. Припадниците на овој знак не се зависни од секс, туку од потребата постојано да бидат сакани.


Оставете коментар

___