Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Како научив да читам?

И до денес се сеќавам. Не, не како сум почнала да ги препознавам и врзувам буквите во прво одделение. Како научив да читам “задолжителни” книги. Оние од кои секој треба да прочита барем по еднаш во животот.

Некои од нив ги имаше во списоците кои ни ги даваа во училиште за летниот одмор . Други, може да најдете на топ листите за најпродавани.

Ќе споделам, бидејќи познавам доста луѓе кои велат дека сакаат да читаат, но немаат време.

 

book2

Еве што ме научи мојата учителка своевремено. Всушност, тоа беше една многу важна животна лекција.

Ни предложи да избереме, да правиме секој ден по нешто што не ни е особено пријатно, но да го правиме во исто време или барем редовно, секој ден.

На пример, какво и да е времето надвор, да одиме до едно и исто место и да се враќаме, или да земеме некоја книга која мислиме дека е “дебела”, или едноставно е од листата на “задолжителните” и да читаме секој ден само по една страничка. Го избрав ова второто и не жалам.
Тоа со страничката беше погрешно, се разбира. Понекогаш четивото стануваше интересно и не можеш да се одделиш од него.
Но зошто токму на една страничка ? Ете, во тоа е клучот за секој нов чекор во нашите животи.

Сакате да вежбате, но немате време. Дури 15 минути ? Па почнете со една. Пример – секој ден одвоите само 1 минута за околу 10 стомачни. Не е многу, но е почеток. И секако, подобро е од ништо. Истото се случува и со читањето.

book

Кога еднаш ќе започнете, едвај ќе се задоволите само со едната страничка.

Можеби токму таа книга ќе стане една од вашите омилени книги и ќе сакате да сте го направиле ова порано.

Следниот пат може да ви кажам како да научите да пишувате. А како се научив јас? Посакувам да кажам со многу читање. Но сеуште не сум прочитала доволно …

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement