• Сподели на:

Како да го одведете пред олтар

___

На некои треба да им се препушти иницијативата, а некои ќе мора добро да ги турнете за да се одлучат на брак! Проверете што вашиот сакан мисли за бракот, во зависност од тоа во кој зодијачки знак е роден.

ОВЕН

Ако се заљубите во Овен, бидете свесни дека се работи за индивидуалец кој може да има проблем со прифаќање на идејата за брак. Сепак постои трик со кој можете да го убедите да дојде пред олтарот. Раскажувајте му како вие заедничкиот живот го замислувате како континуирана авантура во пар, полна со динамика и разни случки. Прецизирајте и некои авантури, како тоа дека секоја пролет ќе одите на опасно веслање по диви води, а ако тоа ви се здодее, употребете резервен план за ноќни подобрански скокови.

БИК

За Бикот да го одведете пред матичар, морате да му ја покажете банкарската сметка. Доколку немате неколку нули после првата бројка, веднаш ќе сфати дека не сте економични и ќе ве остави, дури и да е заљубен во вас. Секако прикажете се и како домаќински тип, дури и да не знаете каде е кујната!

БЛИЗНАЦИ

Kај Близнаците важно е само да зборувате, да зборувате… Не е важно што, само убаво да звучи. Кога ќе сфати дека вие сте личност која може неограничено долго да води конверзации, лесно ќе се одлучи на брак, дури и вие да не спомнете такво нешто!

РАК

Кај Раковите е веројатно дека тој ќе ве убедува на брак, па затоа не грижете се. А доколку тоа го направи, веднаш сложете се, бидејќи ако покажете и најмало двоумење, ракот ќе се повлече веднаш во себе. Пофалете ја и неговата мајка, дури и да не ја поднесувате!

ЛАВ

Ако сакате Лав да одведете пред матичар, постојат два пристапи. Едниот е оној кога едноставно чекате истата идеја да проработи и кај него, да му дозволите да ви понуди брак на величенствен начин, и тоа најверојатно пред публика. Ако не ви е до чекање, бидете максимално слатки и постојано зборувајте за дечиња. Но, само иницирајте ја таа тема, а главниот збор оставете му го нему. Додека се свестите кај него ќе созрее желбата за брак.

ДЕВИЦА

За Девиците можеби е најтешко да се даде совет. Овој знак е мајстор во умешноста себеси и на другите да им го искомплицира животот, па така и можноста за брак. Ако му сугерирате брак, можеби треба најпрвин да му објасните дека ситниците и се и не се толку важни. Притоа за жал ќе мора да му дадете доволно време да ја проанализира ситуацијата до детали. Неговата анализа ќе ја расипе магијата на спонтаноста, па затоа подобро подгответе се на тоа однапред за да не се разочарате кога за бракот ќе зборува како за работен договор.

ВАГА

Вагите најлесно стапуваат во брак, па доколку наидете на маж Вага, нема да ви биде потребно многу време за да го убедите на таков чекор. Поточно, веројатно вашиот партнер прв ќе почне да зборува за брак, а вие ќе треба само да ја прифатите поканата. Мажот Вага ќе ви понуди брак најверојатно на некој префинет начин, но упорен, додека не попуштите.

ШКОРПИЈА

Kога станува збор за Шкорпиите, секогаш можете да заиграте на картата на еротика и секс. Ако во креветот е се во ред, нема да има проблем околу тоа да се венчате, но не заборавајте дека со припадниците на овој знак потоа нема мрдање – нивната љубомора е секогаш активна. Можеби и скриена, ама не надевајте се дека ја нема!

СТРЕЛЕЦ

Ако наидете на Стрелец, одењето пред матичар ќе ви личи на невозможна мисија. Најдобро е сепак зборот “брак” да го замените со зборот “слободна заедница на двајца слободни граѓани” или слиично. Во секој случај ќе ви треба паметен псевдоним за бракот. Зборувајте му за слободата во врската како главна ѕвезда водилка во животот на две личности и за новите хоризонти кои би се откриле доколку се впуштите во таква авантура која се нарекува.., не,не спомнувајте никако брак!!! Само патувања.Така можеби ќе успеете.

ЈАРЕЦ

Со Јарците нема да имате поголеми проблеми. Најдобро е да му сугерирате дека веќе планирате заеднички стан во кој има голема кујна и две големи работни соби,каде тој слободно и во мир ќе може да продолжи да работи штом се врати од работа. На таа карта сигурно ќе го добиете! Доколку се уште нема постигнато успех на деловен план, можно е да ви го одлага бракот, а во тој случај исткнете дека “позади секој успешен маж стои жена” и речете му дека за вас света мисија ќе биде да му бидете поддршка во неговата кариера. Ќе видите, ќе се сложи!

ВОДОЛИЈА

На Водолиите треба да им пристапете пријателски и без било какво притискање. Раскажувајте му за бракот како за двајца најдобри другари кои пред се добро се разбираат. Дури и едниот од нив да сака да проба нешто друго, оној другиот тоа ќе го толерира. И овде бракот треба да го претставите со одбрани изрази како “отворена заедница за современи идеи” или некое друго хипи име.

РИБИ

Ако вашиот избраник е роден во знакот на Риби, веднаш раскажете му се што знаете за најромантичните љубовни парови. Ќе поверува во сите опции, дури и оние утописките. Се разбира притоа потрудете се да увиди дека вие сте таква личност за “љубов до крајот на животот”.


Оставете коментар

___