Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Интересни факти за машкиот полов орган

42-15255269

По многу спроведени истражувања научниците добиле најразлични сознанија, а едни од најинтересните се податоците поврзани со машкиот полов орган. Така, само дел од необичните сознанија се оние дека и фетусите имаат ерекција или дека секој пенис прво бил клиторис. Погледнете ги овие интересни факти за машкиот полов орган кои веројатно не сте ги знаеле.

Секој пенис бил клиторис

Секој пенис се формира од клиторисот додека бебето се уште е во утробата, откако сексуалните хормони започнуваат да делуваат и го одредуваат полот на детето.

Фетусите имаат ерекција

Станува збор за сознание кое што го потврдиле и снимките од ултразвукот, па така, голем број на новородени машки деца светот “го поздравиле” со ерекција. Сексологот Вилијам Мастерс го претставил и предизвикот кој вклучувал обид за пресекување на папочната врвца пред исчезнувањето на ерекцијата.

Големите тестиси значат и големо неверство

Судејќи според резултатите од едно неодамна спроведено истражување, мажите со поголеми тестиси почесто одлучуваат да ја изневерат својата партнерка и сексуално задоволство да побараат во прегратките на друга жена.

Пенисот може да се скрши

Станува збор за повреда која најчесто се случува при агресивен сексуален однос, а она што е уште поизненадувачко е податокот дека втората најчеста причина за оваа повреда е падот на мажите од креветот додека имаат ерекција.

Паниката поради мастурбацијата го афирмирала обрежувањето

Во текот на деветнаесеттиот век помеѓу средниот сталеж се раширила хистеријата поради мастурбацијата, па се верувало дека обрежувањето ќе го спречи ова “непожелно” однесување.

Ефектот на Лорена Бобит

Кога Лорена Бобит му го отсекла пенисот на својот сопруг, тоа се покажало како светски феномен. Ширум светот жените побрзале да го направат истото, додека епицентарот на ваквото однесување бил на Тајланд. До крајот на векот, во полиција биле пријавени повеќе од 100 случаи, а се верува дека нивниот број бил многу поголем, меѓутоа жртвите сакале тој срам да го зачуваат само за себе.

Најголемиот пенис во светот

Најголемиот пенис некогаш измерен бил долг 34.29 центиметри, а неговиот обем изнесувал 15.87 центиметри. Само како споредба, просечната вагина е длабока од 7.5 до 10.16 центиметри…

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement