Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Едноставна навикa коja Бетовен го направила гениј!

Бетовен, како и многу други великани, знаеле како да го подобрат квалитетот на својот живот,а со тоа да ја подобрат и својата креативност.

 

Пешачењето е еден од начините кое ќе ви помогне да јаподобрите вашата креативност,а со тоа да го подобрите и вашиот живот. Тоа го знаеше познатиот композитор Лудвиг ван Бетовен. Имено, тој по секој ручек практикуваше долги прошетки низ шумата. Секогаш со себе носеше пенкало и неколку листови хартија за да ги запише нотите кои би му паднале на памет. Сличен метод користелеи неговите колеги великаните Густав Малер и Бенџамин Бритн.

 

Научниците од Универзитетот Стенфорд  докажале дека одењетого поттикнува креативното размислување. Објаснувањето лежи во неколку факти.

 

Пешачењето е најлесниот и најсигурниот патдо добро здравје на телото и умот. Придобивките од одењето се во тоа што организмот функционира подобро, се подобрува метаболизмот, подобра размена на енергијата и се вдишува повеќе кислород. Телото се опушта и покрај малиот замор ја враќа изгубената енергија, а по прошетката поквалитетно и поздраво се спие. Експертите тврдат дека овој вид на физичка активност го подобрува квалитетот на животот за 27 проценти. За време на прошеткитесе ослободува ендорфин, хормоноткој го предизвикува  доброто расположение.

Сепак, одењето не само што го подобрува здравјето, но исто така го поттикнува креативното размислување. Една студија објавена во списанието Journal of Expermental Psychology покажа дека одењето ја поттикнува креативноста за околу 60 проценти. Прошетката ни помага да останеме смирени и фокусирани во напнати работни ситуации.

Бетовен и многутевеликаниго користеле одењетокако одмор. Затоа, по завршувањето на работата, пожелно е да се оди на прошетка, а потоа постои голема веројатност дека ќе имате “Еурека момент”, бидејќи креативноста доаѓа кога ќе се комбинираат напорната работа и кога ќе се анализарасработеното. Американските истражувачи откриле дека енергичната прошетка три пати неделно го зголемува хипокампусот, важен дел од мозокот што влијае на краткорочната и долгорочната меморија и на анализатана примените информации.

И бројните студии спроведени на постарите лица покажува дека одење е многу корисно за спречување или забавување на појавата на губење на меморијата или деменцијата, и за да се зачува способноста за учење.

Со гледањето во компјутер и со премногу работа, се блокира нашето креативното размислување. Природата и чистиот воздух му помага на нашиот мозок да се одмори.

Познато е дека зелената боја, балансот на бои и прошетката во природа моментално го ублажува стресот. Истражувањето на универзитетот од Харвард открива дека луѓето кои пешачат редовно имаат помалку проблеми со пронаоѓањето на рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот. Таквите луѓе подобро го организираат своето време, имаат повеќе самодоверба, заради што полесно го пронаоѓааттој баланс.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement