Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Додека жените се оптеретуваат, мажите на овие работи едноставно не обрнуваат внимание

Љубовта е слепа во некои работи, буквално. Колку и да ја сакате својата подобра половина, мажите едноставно некои работи никогаш нема да ги забележат.

Тешко дека некој маж ќе забележи дека плавата кошула која што ја носите денес е поинаква од онаа која ја имате денес. Веројатно нема ги забележи ни следните работи. Се работи за ситни детали кои жените ги приметуваат, но мажите на нив не обрнуваат внимание.

crveni-ruz-1379843299-14906

Нова торба

Немојте да се лутите ако очекувате комплимент за дизајнерската торба кој конечно сте си ја дозволиле после неколку месеци штедење, а тој не ја ни приметил. Што се однесува до мажите, сите торби се исти. Сериозно.

Депилирани нозе

Освен ако не излезете пред него со влакна од неколку месеци, малите разлики во свежо депилираните нозе и оние на кои има малку влакненца, мажот дефинитивно нема да ги забележи.

Немате шминка

Иако повеќето жени нема да поверуваат дека мажите не гледаат разлика помеѓу целосен мејкап и никаков, нив тоа едноставно не им е важно и не гледаат детали, туку целокупната слика.

negovano-lice-1378723916-12998

Целулит

Секој е најкритичен најпрво кон сам себе. А што се однесува до целулитот, жените можат да пронајдат сто мани на себе. Мажите пак, воопшто и не приметуваат.

Нова фризура

Ако не се појавите со избричена глава или некој драстична промена, мажите нема да ја приметат разликата кога ќе ја скратите косата неколку сантиметри.

Нови прамени

Жолтите прамени или оние кои повеќе одат на бело, односно сиво. ,,За што ние тоа воопшто разговараме”, најверојатно би била реакцијата на секој маж. Прамените кои се малку посветли или потемни од вашата коса, мажите ниту ќе ги коментираат ниту ќе ги забележат.

devojka-u-kaficu-1399399326-35318

Нови наочари

Зарем не се сите наочари исти?

Нова нијанса на руж

Мажите , барем повеќето, слушнале за црвен руж. Други бои и нијанси? Тешко дека ќе приметат дека сте инвестирале во руж кој е неколку нијанси посветол од оној кој сте го имале.

Нови фармерки

Повеќето мажи тешко приметуваат разлика помеѓу своите фармерки, а замислете како е со вашите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement