Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Дали работите за да живеете или живеете за да работите?

Што би одговориле на прашањето:
Што сакате да постигнете?

Секој ќе одговори различно, но поентата на сите одговори горе – долу ќе биде иста. Сакам да заработам доволно за да купам нов автомобил, сакам да купам поголем стан, да го разработам бизнисот, па да го проширам, да заработам доволно за да им оставам што повеќе на моите деца…

Дали некогаш сте се запрашеле што сакате да постигнете, но не во материјална смисла, туку во онаа најважната – што сакате да постигнете како луѓе?

Повеќето луѓе низ животот одат на слепо, едноставно талкаат без никаква цел, ако ја оставиме на страна целта да заработат што повеќе.

Бизнисот и трупањето пари ретко носат среќа. Низ современата историја има многу сведоштва за уништени животи, растурени семејства, стрес и болести, и сè заради посветеноста исклучиво на бизнисот.

А што е со вашиот живот? Нема да имате втора шанса, па треба да живеете токму денес, не утре, не по десет години кога ќе направите богатство кое некој друг ќе го троши.

Кога последен пат сте одлучиле да се посветите на семејството, да најдете време за најблиските, да му прочитате приказна на вашето дете, да се вратите дома навреме за ручек или вечера?

Парите не се пат до среќата, неопходни се за живот до одредени граници, но многу нешта кои може да ве усреќат и да ви овозможат квалитетен живот воопшто не се поврзани со пари.

Заработете доволно за живот, но не дозволувајте да живеете за да работите.

Животот е дар, прелетува за миг, па кога еден ден ќе погледнете зад себе, ако не најдете ништо друго освен богатството кое сте го создале, ќе сфатите колку сте биле сиромашни.

Што сакате од својот живот? Добро размислете пред да одговорите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement