Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Дали партнерот веќе ви се здосадил?

Веќе долго време сте заедно со вашиот партнер и долго време сте во брак. Едно утро се будите со помислата дека нешто се променило, а не знаете што?

Дали ви се здосадил вашиот партнер? Ако ви се здосадил партнерот за тоа не сте виновни ни вие ни тој. Тоа не се случува поради тоа што немате повеќе идеи како да го подобрите сексуалниот живот, туку поради тоа што на почетокот на врската ги прифаќате само убавите работи, а по некое време тие стануваат секојдневна работа и не сакате да пробате ништо ново. Всушност вие се ограничувате, а тоа го прави и вашиот партнер. Поради тоа, голем број на луѓе не сакаат да се одлучат за моногамија бидејќи сметаат дека таа врска во одреден момент станува досадна и се губи желбата за секс. Вие повеќе не сте истата личност од почетокот на врската и повеќе не кажувате „јас ќе го направам тоа“, туку „ние ќе го направиме тоа“. Токму поради тоа се губи таа личност која била самостојна на почетокот на врската.

Ако мислите дека единствен начин да се извлечете од оваа ситуација е развод или прекинување на врската, се лажете. Ако прекинете со партнерот, во иднина повторно ќе ја направите истата грешка со друга личност. Најдобро е да разговарате за тоа што очекувате од вашата врска. Поразговарајте и за работите кои се случиле, а вие не сакате повторно да се случат. Дозволете му на партнерот да има сопствено мислење и пронајдете за себе некоја интересна активност која ќе ве одвои од него. На овој начин ќе имате повеќе теми за разговор и партнерот нема никогаш да ви стане досаден.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Шокантна приказна за познат актер. Актерот Мет Лебланк, познат по улогата на Џои Трибијани во ТВ серијата „Пријатели“, поминал низ еден од најтешките периоди...

____celebrity

Кејт Мидлтон пристигна во Италија, започнувајќи го своето прво самостојно патување во странство откако ѝ беше дијагностициран рак во 2024 година. Принцезата од Велс...

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

Advertisement