Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Дали и како влијае ширината на вагината во сексот?

Дали е важно колкава е ширината и големината на женската вагина и како може тоа да влијае на сексуалниот однос и на уживањето?

Жените се грижат за големината на својата вагина на ист начин како што и мажите се грижат за големината за својот пенис. Ако пенисот е малку поголем од просечниот, мажот добива комплименти. Од друга страна пак, поголемата вагина може да биде нарекувана со лоши, понижувачки имиња.

Секоја жена има тесна вагина за време на нејзиниот период на невиноста. Но вагината се менува веднаш во текот на првиот сексуален однос. Кај некои жени, промената е проследена со болка, благо крварење, или пак може да нема видливи знаци.

Во текот на животот големината на вагината е подложна на промени, кои пак, можат да бидат предизвикани од голем број на фактори. Единствената разлика е во тоа што некои жени успеваат да ги задржат своите вагини тесни со правење одредени вежби за вагиналните мускули, а други жени не обрнуваат големо внимание на тоа.

Доколку жената е постара, нејзината вагина ќе биде подложени на повеќе промени. Затоа е препорачливо да правите вежби за задржување на тесна вагина по првиот сексуален однос па натака.

Потесна вагина – подобар секс?

За мажите, тесната вагината значи дека пенетрацијата на пенисот потесна средина нуди поголемо задоволство за време на сексуалниот однос. Дури, некои експерти тврдат дека, благодарение на тесната вагина, жените се чувствуваат повеќе сакани и поатрактивни за нивните партнери. Исто така, жените кои имаат тесна вагина подобро го чувствуваат пенисот на нивниот партнер и односот кај нив е многу поинтензивен.

Вежби за зајакнување на вагината

Кегеловите вежби помагаат да се задржи виталноста и јачината на мускулните ѕидови во вагината. Овие вежби вклучуваат стегање на пубококсигелниот мускул и негово задржување  околу 10-тина секунди. Времето на задржување на мускулот постепено треба да се продолжи по 5 секунди од вежба. Препорачано е да се прават 5 вежби по 3 пати на ден.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement