Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Црви, скакулци и мравки: иднината на човековата исхрана

Кога говориме за здравата исхрана, обично мислиме на сирово и свежо овошје и зеленчук, на риба, но дали би јаделе пржени црви или скакулци на скара?

Младиот претприемач Седрик Ориол направил бизнис за кој мисли дека може да има светла европска иднина – производство на инсекти за човекова исхрана.

‘Кога пробав за првпат инсекти морав да ја прескокнам психолошката бариера. Тоа не е дел од нашата култура, но веднаш потоа приметив дека имаат многу специфичен вкус, но да би можел да го споредам со ароми кои веќе ги познавам на пример аромата на пржени кикирики. Кога се припремуваат на одреден начин, црвите имаат вкус на пилешко, можеби и риби на скара’ – бил детален Седрик.

crvi skakulci i mravki 2

Барем два милијарди луѓе во светот сакаат да ги јадат овие “слатки”, па овој претприемач помислил дека не може да бидат лоши за европјаните и во 2011 основал фирма која произведува инсекти во форма која е најподнесна за европскиот пазар – фино измелени.

“Секако дека не мислам дека ние, Европјаните,  би ги јаделе инсектите како и Азијците кои ги јадат цели. Јас немам цел да ги превоспитувам Европјаните, но мислам дека е многу полесно инсектите во прав да се интегрираат во производите кои во Европа се веќе познати” – дополнил Ориол.

crvi skakulci i mravki 3

Според податоците на Обединетите Нации, инсектите се добра алтернативна исхрана за во иднина. Тие нас не снабдуваат со вредни протеини, а еколошкиот биланс на тоа производство е одлично – два килограми храна претвараат во килограм протеин. И во Европа е зголемен бројот на жители, не како на другите делови на светот, но ќе мораме да размислиме околу изворите за храна и алтернативно производство на месо.

crvi skakulci i mravki 4

Исхрана со инсекти за одржување на Европа

На нивото на Европската Унија, таа идеа е моментално во стадиум ларва? Брисел до сега инвестирал во главно за проекти за прехранување на домашните животни со инсекти. Продажбата на прехранбени производи наменети за луѓето би требало да бидат регулирани најрано во 2016 година.

“Ако размислиме претпазливо, инсектите не се ништо по грди од намирниците кои традиционално се јадат во Европа, на пример полжави, остриги, но и месото генерално” – смета Сендрик, кој прави производи од црви и скакулци во вид на крекер од инсекти со додаден лук и карамела или пак целосни инсекти со арома на аперитиви.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement