Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Црвена боја за помал апетит, сина за креативност

Една стара поговрока вели дека боите се насмевки на природата, а во секојдневниот живот нивната енергија може да си искористи во аспектите на животот во кои секоја помош е добредојдена – помал апетит, поголема издржливост, креативност…

 

Како што наведуваат истражувачите Ендрју Елиот и Маркус Мејер, всушност постојат многу малку емпириски истражувања во врска со влијанието на боите врз психолошките функции на човекот.

Најпрактични се оние чии резултати луѓето можат да ги искористат во секојдневниот живот.

 

Стручњаците предлагаат за намалување на апетитот да се користат црвени чинии бидејќи, според студијата која ја објави списанието “Appetite” во 2012 година, човекот секогаш јаде помалку храна кога оброкот е послужен во црвени чинии, за разлика од тоа кога за оброкот се користат сини или бели чинии.

 

Едно од толкувањата кое звучи многу веројатно е дека црвената боја ја поистоветуваме со знакот „стоп“, па така нè запира и од прекумерно јадење.

 

Поради студијата објавена во списанието “Environmental Science & Technology”, тестиарни се велосипедисти кои во текот на возењето гледале видео во кое се преливаат различни бои.

 

Во зелена околина, тие го доживувале својот физички напор како многу помал отколку нивните колеги кои гледале само сивило.

 

Што се однесува до работниот простор, стручњаците сметаат дека треба да го разубавите со сина боја.

 

Истражување од Универзитетот Британска Колумбија во Ванкувер покажало дека луѓето кои користат компјутери со сина позадина доаѓаат до креативни деловни идеи затоа што сината боја се поврзува со отвореноста и спокојството.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement