Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

5 причини за кои не треба да ги криете солзите

Доколку сте тажни, имате некаков проблем или едноставно ви се плаче, немојте да ги задржувате солзите. За тоа постојат неколку причини.

Секојдневно сте оптоварени со најразлични проблеми, ви доаѓа преку глава од сѐ, сакате да заплачете, но не сакате тоа да го покажете пред светот, па дури ни пред самите себе. Зошто?

Потребата да се исплачете не треба да ја сваќате како слабост или личен пораз, туку како издувен вентил, после што ќе почувствувате олеснување, но и ќе насоберете енергија за нови победи. Затоа, секогаш кога имате потреба да се исплачете, едноставно пуштете ги солзите нека течат, тие делуваат позитивно.

Ќе гледате подобро

Иако можеби за тоа не сте свесни, солзите навистина помагаат подобро да гледате бидејќи ги хидрираат вашите очи. Таа влажност и те како им е неопходна на очите.

Солзите го прочистуваат телото

Солзите му помагаат на телото да се ослободи од штетните материи. Емотивните солзи, оние кои се предизвикани од тага содржат најголемо количество токсини, а преку плачењето истите ги исфрлате надвор од телото.

Солзите ја ублажуваат болката

Како и вресокот, и плачењето е природна реакција на болката, а сите многу добро знаеме дека емотивната болка е потешка од телесната. Плачот го намалува телесното ниво на манганот, минералот кој делува на нашето расположение, а неговата концентрација во солзите е дури 30 пати поголема отколку во крвта.

Солзите го елиминираат стресот

Солзите имаат способност да отстранат некои хемикалии од телото кои се таложат токму поради стресот. Задржувањето на солзите го појачува нивото на стрес.

Ве прават поздрави

Солзите автоматски обезбедуваат поголемо ниво на заштита на вашето тело тогаш кога тоа е потребно и ја подобруваат функцијата на телото за време на различни физички активности.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement