Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

12 начини на креативно размислување за кои не нѐ учат на училиште

Зошто многумина мислат за себе дека не се креативни и дека креативноста е одлика на некои “други” и “посебни” луѓе?

Колку ни е потребно да сватиме дека сите имаме одредена доза на креативност во себе, само треба да ја изразиме на најдобар можен начин, а секако претходно треба да ја спуштиме кочницата која нѐ спречува во изразување на сопствената креативност поголемиот дел од животот, а понекогаш и цел живот! Ова е одличен текст кој се занимава со оваа проблематика.

Вие сте креативни.

Уметникот не е посебна личност, секој еден од нас е посебен вид на уметник. Секој од нас е роден како креативен, спонтан мислител. Единствената разлика меѓу оние креативните и оние кои не веруваат во сопствената креативност е во предубедувањето. Креативните луѓе веруваат дека се креативни. Луѓето кои веруваат дека не се креативни, едноставно не се. Кога имаме одреден идентитет и грст особини, се обидуваме да изнајдеме вештина, за тој идентитет и тие способности, и да се изразиме на најдобар можен начин. Поради тоа, оние кои веруваат во сопствената креативност стануваат креативни. Ако веруваме дека не сме, немаме потреба да научиме како можеме да станеме, па така не стануваме. Факт е дека негативниот став е изговор за да не пробаме ништо ново. Кога слушаме некој како ни вели дека не е креативен, ние всушност зборуваме со некој кој нема интерес и не сака да влозжи никаков напор за да постане креативен мислител.

Креативното размислување е работна обврска.

Треба да имаме страст и да сме одлучни за да се впуштиме во процесот на создавање на нови и поинакви идеи. Треба да бидеме трпеливи за да истраеме на сите неповолни околности. Сите креативни генијалци работат со глема страст и создаваат бројни идеи, од кои поголемиот дел се лоши. Па повеќе лоши песни имаат напишано славните поети отколку оние помалку славните. Томас Едисон создал 3000 различни идеи за системот за осветлување пред да провери дали се практични и економични. Волфганг Амадеус Моцарт напишал повеќе од 600 музички дела, вклучувајќи 41 симфонија и 40-тина чудни опери и миси во текот на својот краток креативен век. Рембрант насликал околу 650 слики и 2.000 цртежи, а Пикасо насликал повеќе од 20.000 дела. Шекспир напишал 154 сонати. Некои од нив биле врвни, некои не биле ништо подобри од оние кои ги пишувале неговите современици, а некои едноставно биле полоши.

Мораме да пројдеме низ пресвртница за да постанеме креативни.

Кога создаваме идеи, ги надополнуваме неуротрансмитерите поврзани со гените кои се вклучуваат и исклучуваат како одговор на работењето на мозокот, а кој за возврат реагира на предизвици. Кога минуваме низ пресвртница за да дојдеме до нови идеи, го енергизираме мозокот преку зголемување на бројот на конекции меѓу невроните. Колку повеќе се обидуваме да дојдеме до нови идеи, нашиот мозок станува сѐ по активен, а ние стануваме покреативни. Ако сакаме да станеме уметници и ако секој ден сликаме, ќе постанеме уметници. Можеби нема да бидеме како Винсент Ван Гог, но секако ќе бидеме поголеми уметници од оние кои никогаш не пробале.

Нашиот мозок не е комјутер.

Мозокот е динамичен систем кој развива активности како сопствени обрасци и не прави пресметки како компјутерот. Тој расте низ креативната енергија на повратните информации од искуството, без разлика дали е тоа реално или фиктивно. Искуството се создава и можеме буквално да го креираме со помош на нашата имагинација. Човечкиот мозок не прави разлика меѓу вистинското искуство и живописното, т.е. детално замисленото искуство. Ова откритие му помогнало на Алберт Ајнштајн да ги направи експериментите со замислени сценарија кои го доведоа до револуционерната идеја за просторот и времето. Еден ден замислил дека на пример, се вљубил. Тогаш си замислил дека жената во која се вљубил ја сретнал два дена претходно. Тоа довело до неговата теорија за  некаузалноста. Истиот процес на создавање искуства му овозможил на Волт Дизни да ја оживее својата фантазија.

Не постои единствено правилно решение.

Реалноста е неодредена, т.е. не е еднозначно одредена. Небото е или не е сино. Тоа е црно – бело размислување зашто небото има милијарди нијанси на сина боја. Снопот светлина е или не е бран ( А или не-А). Физичарите откриле дека светлоста може да биде или бран или честичка во зависност на тоа како се набљудува. Она што единствено е сигурно во природата е несигурноста. Кога се обидуваме да дојдеме до некоја идеја, не ги цензурираме идеите и ги проследуваме онака како што се појавуваат. Ништо повеќе не ја убива креативноста отколку само-цензурата на идеите додека се создаваат. Размислуваме за нашите идеи како за можности и ги создаваме што е можно повеќе пред да се одлучиме која да ја избереме. Светот не црно – бел, тој е сив.

Никогаш не треба да застанеме на првата идеја.

Секогаш треба да тежнееме да изнајдеме подобра идеја сѐ додека не наидеме на подобра. 1862 година Филип Реис го покажал својот изум со кој емитувал музика преку жица. Бил денови и денови далеку од унапредување на својот изум за телефонот кој можел да пренесува говор. Сите телекомуникациски стручњаци во Германија од спречувале да прави било какви подобрувања бидејќи го убедувале дека телеграфот е доволно добар. Дека никој нема да сака да купи и користи телефон. Десет години подоцна, Александар Грахам Бел го патентирал телефонот. Спенсер Силвер развил лепило за “3М” кое дoбор се држело за објект, но исто толку лесно се одлепувало. Најпрвин се рекламирало како лепило за огласни табли за да таблите можат едноставно да се пренесуваат од едно на друго место. Но, пазарот не го прифатил овој изум. Силвер не се откажал од идејата… Еден ден Артур Фрај, уште еден вработен во “3М”, пеел во црковниот хор кога покажувачот му паднал од книгата со црковни химни. Фрај го намачкал покажувачот со лепакот на Силвер и открил дека покажувачите остануваат на свое место, а можеле да се одлепуваат без да ги оштетуваат страниците од книгата. И така се откриени самолепливите хартии за порака. Томас Едисон секогаш се обидувал да прескочи од една на друга идеја додека работел. И така својата работа ја преусмерил од телефонот (пренесување на звук), на фонограф (снимање на звук) и на крајот на слики во движење (снимање на слики).

Очекуваме дека стручњаците ќе бидат негативно настроени.

Како некој сѐ повеќе се специјализира во одредена област и станува сѐ поголем стручњак, така неговиот ментален склоп сѐ повеќе се затвора и тој сѐ повеќе се фиксира за да го потврди она во кое верува дека е апсолутно. Како резултат на тоа, кога ќе се соочи со нови и поинакви идеи, фоксуот на таа личност се става на ускладување на владеачките правила и стандарди. Дали се тие идеи складни со она за што знаеме дека е точно? Ако тоа не е така, стручњаците ќе го потрошат сето свое време на докажување и објаснување зошто тоа не може да биде така и зошто тоа не може да работи. Тие нема да изнаоѓаат начини за да работите профункционираат бидејќи тоа може да покаже дека она што тие го сметаат за апсолутно воопшто не е така. И тоа е причината зошто секој стручњак за достава во САД прогнозирал сигурен неуспех кога Фред Смит го основал Federal Express. Всушност, рекле дека ако таквиот состав на достава е изводлив, Post Office (националната пошта) или UPS веќе одамна ќе го имаа воведено.

Да им веруваме на сопствените инстинкти.

Да не дозволиме да не обесхрабрат. Алберт Ајнштајн бил избркан од училиште бидејќи неговото однесување имало негативно влијание на сериозните ученици; не го поминал приемниот испит за универзитет и морал да оди на часови ви трговско училиште една година пред да се запише на факултет; и бил единствениот во својата класа кој не добил место за предавач бидејќи никој од професорите не сакал да го предложи. Еден од професорите дури изјавил дека Ајнштајн е “најубавиот пес” кого универзитетот некогаш го видел. На родителите на Бетовен им било речено дека нивното дете е преглупаво и дека единствено што може да работи е да биде композитор. Колегите го нарекле Чарлс Дарвин “будала”, а неговата работа “експеримент на еден лудак” кога работел на својата теорија за биолошка еволуција. Волт Дизни добил отказ на првото работно место, во новинарска редакција, бидејќи му “недостасувало фантазија”. Томас Едисон имал само две години формално образование, бил целосно глув на едното уво, а големи потешкотии со слухот на другото уво. Бил отпуштен од првото работно место каде работел како доставувач на весници, а подоцна добил отказ додека работел на телеграфот; а сепак запаметен е како најголемиот изумител во историјата на САД.

Не постои неуспех.

Колку и да се обидуваме да направиме нешто, а во тоа да не успееме, тоа не е неуспех. Сме научиле нешто што не функционира. Секогаш треба да се запрашаме “Што научивме од работите што не функционираа?”, “Може ли тоа да ни даде одговор на нешто што досега не е објаснето?”. Кога некој ќе ни каже дека никогаш не погрешил, ние всушност зборуваме со личност која никогаш не се обидела да направи нешто ново.

Не ги гледаме работите онакви какви што се, туку ги гледаме такви какви што сме ние самите.

Да ги протолкуваме личните искуства. Сите се неутрални. Немаат смисол. Ние им даваме смисол со начинот на кој ги интерпретираме. Ако сме свештеници, тогаш секогаш изнаоѓаме докази за Божјата сеприсутност. Ако сме атеисти, во сѐ го гледаме Божјото отсуство. IBM забележал дека никој на светот нема личен компјутер и тоа го протолкувале дека за нив нема место на пазарот. Двајцата кои биле избракни од факултет, Бил Гејтц и Стив Џобс гледале на истата работа, но виделе огромна шанса. Еднаш на Томас Едисон му пришол помошникот додека овој работел на светилката. Помошникот го прашал зошто не се одлучил да се откаже, “Веќе 5000-ти пат се обидувате да направите нешто и ништо.”  Едисон го погледнал и му одговорил дека не го разбира зошто тоа го смета за неуспех кога, Едисон изјавил: “Открив 5000 работи кои не функционираат. ” Ние ја создаваме сопствената реалност преку изборот на кој начин ги толкуваме сопствените искуства.

 Секогаш треба да му пристапиме на проблемот на свој начин.

Проблемот секогаш треба да се гледа од повеќе аспекти. Така можеме да се сетиме на генијално решение кое никому досега не му паднало на ум. Секогаш треба да изнајдеме поинаков пристап за да го разгледуваме проблемот. Обидете се да го опишете проблемот повеќе пати користејќи различни зборови. Поставете се во улога на некоја друга личност и замислете си како таа би реагирала на проблемот; на пример како на некој проблем гледаат Џеј Лено, Пабло Пикасо или Џорџ Патон? Насликајте го својот проблем, изработете модел или скулптура од него. Прошетајте и изнјадете работи кои метафорички претставуваат проблем и потрудете се да најдете врска помеѓу тие работи и вашиот проблем. Прашајте ги пријателите или некои странци како тие гледаат на вашиот проблем. Прашајте некое дете. Како дете на 10 години би го решил овој проблем. Прашајте ги бабите и дедовците. Кога го менувате начинот на кој гледате на работите, работите кои ги посматрате се менуваат.

Да научиме да размислуваме неконвенционално.

Креативните генијалци не размислуваат аналитички и логички. Конвенционалните, логичките и аналитичките мислители се исклучителни мислители што значи дека ги исклучуваат сите информации кои не се поврзани со проблемот. Тие бараат начин како да ги елиминираа можностите. Креативните генијалци се мислители кои бараат начин како да ги вклучат сите елементи додека бараат некое решение, вклучително и работи кои се различни и потполно неповрзани. Создавање асоцијации и врски помеѓу различни и тотално неповразни работи е начинот на кој тие ги поттикнуваат обрасците на поинакво размислување во нивниот мозок. Тие нови обрасци водат кон нови врски кои им овозможуваат поинаков начин на функционирање и поинаков начин на интерпретација на она на што се фокусираат. Така се создаваат оригинални и вистински необични идеи. Алберт Ајнштајн еднаш изјавил “Фантазијата е поважна од знаењето. Знаењето е ограничено на сето она што го знаеме и го разбираме, додека имагинацијата го опфаќа целиот свет и сето она што некогаш ќе биде достапно на знаењето и разбирањето.”

И конечно, креативноста е парадоксална. За да создава, личноста треба да има знаење, но да го заборави знаењето, треба да примети неочекувани врски меѓу работите, но не смее да има ментална бркотница, треба да работи внимателно, но и да поминува време не правејќи ништо додека не ги собере сите информации, треба да создава мноштво на идеи, од кои повеќето некорисни, треба да гледа на работата исто како сите други, но да примети нешто друго, треба да посакува успех, но да знае да прифати неуспех, треба да биде истраен, но не и тврдоглав, треба да ги слуша стручњаците, но да знае и како да ги игнорира.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement