Сè што ви е потребно за оваа торта е следното: една половина лубеница, 500 грама шлаг и 500 грама мешано овошје по ваш избор, за декорација. Ние ви предлагаме малини и боровинки или сливи, но може да е било што.

Подготовката на овој вкусен десерт се состои од следните чекори: исечете ја лубеницата на половина, отстранете го долниот дел од кората, а потоа одвојте ја лубеницата од остатокот на кората. Ставете ја лубеницата на чинија и филувајте ја со шлагот. На овошјето и шлагот декорирајте со овошје по избор.
На здравје!


You must be logged in to post a comment Login