Време на подготовка: 30 минути / ќе послужите: 4
- Po 400 грама тестении во три бои
- 1 големо пакување од морски плодови по желба
- 200 грама сос од домат
- 50 мл лут кечап
- Трапист по желба
- 100 ml бело вино
- 2 лажички пармезан
- 2 чешниња лук
- 1 dl маслиново масло
- Босилек по желба
- Сол и бибер по желба
Чекор 1
На малку масло во длабока тава пропржете ги морските плодови , потоа додадете им го белот вино и оставете неколку минути да се динстаат. Ситно исецкајте го лукот и заедно со доматите, лутиот кечап и босилекот додадете во морските плодови. Сето тоа динстајте го 10 минути.
Чекор 2
Во меѓувреме во солена вода сварете ги тестените, околу 10 минути и исцедете ги.
Чекор 3
На тајнир сервирајте прво од тестените и пота прелејте со сосот од морски плодови, додате од траписот.

You must be logged in to post a comment Login