Потребни состојки:
Мерка за чаша 250 мл.
4 чаши мешани печурки, како што се буковки, шампињони, шитаке или лисичарки (било која комбинација која на вас ви одговара)
1/2 чаша црвени кромид, ситно сецкан
1 голем врзоп рукола или 1 ендивија или било која друга листеста салата
1/3 чаша издробено фета сирење
1/3 чаша сецкани ореви или лешници
2 лажици екстра-девственото маслиново масло
1 лажица свежо исцеден сок од лимон
1 лажичка Дижон сенф или рен сенф
Сол и свежо мелен црн пипер
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180°Ц
Во тава за печење ставете алуминиумска фолија (издигната на краевите за да не истече сокот од печурките додека се печат)
Наредете ги печурки во еден слој во подготвената тава, ставетец ги да се печат 15 до 20 минути, се додека не почнат да омекнуваат и да ги губат своите сокови. Внимателно истурете ја течноста која што ја пуштиле печурките во еден сад. Оставете печурките да се изладат малку, а потоа исецкајте ги на парчиња во големина на залак.Ставете ги исецканите печурки во еден сад и врз ниф ставете го сецканиот кромид и измешајте.
За сервирање распоредете од листовите салата на чинии, ставете одозгора од печурките, фета сирењто и тостираните ореви или лешници.
Во друг сад ставете го маслиново масло, сокот од лимон, сенфот и сосот од печурките, измешајте добро и зачинете по вкус, со сол и бибер. Од оваа смеса посипете врз салатат и служете веднаш
Забелешка: За да ги тостирате оревите , ставете ги на суво во тава на средно висока температура. Мешајте ги континуирано се додека не почнат да добиваат златна боја. Префрлете ги на чинија и притиснете ги малку да се искршат.

You must be logged in to post a comment Login