Време на подготовка: 55 минути / ќе послужите: 4
- 2 кафени лажички путер
- 650 грама (12 до 15 големи стебла) целер, ситно исецкани парчиња, ливчињата се оставаат за гарнир при послужување
- 1 средно голем кромид, исецкан на покрупни парчиња
- 1 варен компир, излупен и исецкан на ситни парчиња
- Сол по желба
- 1 до 2 кафени лажички свеж сок од лимон
Чекор 1
Загрејте го путерот во големо тенџере (препорака длабок до 4 литра) на средна температура. Додајте го целерот, кромидот и компирот, посолете. Гответе и повремено промешајте се додека зеленчукот не почне да омекнува, 8 до 10 минути.
Чекор 2
Додадете 6 шолји вода во тенџерето. Оставете да зоврие. Температурата нека биде средна и така варете го зеленчукот додека не се згусне, околу 20 минути.
Чекор 3
Изблендирајте додека не добиете пире од смесата. (да се заштитите од прскање, полнете го блендерот до пола, така ќе овозможите и побрзо ладење на супата). Од кога ќе ја изблендирате целата супа вратете ја во тенџерето, додајте го лимоновиот сок и посолете по желба. Послужете со лисја од целер како гарнир.

You must be logged in to post a comment Login