Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Сникерс колачи

Потребни состојки за тесто:

  • 50 грама брашно
  • 20 грама шеќер
  • 1 лажичка какао (обично, горко)
  • ½ кесичка прашок за пециво
  • 1 јајце
  • 30 мл. млеко
  • 30 мл. зејтин

Потребни состојки за фил:

  • 80 грама шеќер
  • 60 мл. млеко
  • Малку вода
  • 30 грама печени и благо ситнети кикиритки

Чекор 1

Со шеќер и млеко спремајте карамела – во мало тенџере ставете 80 грама и на силна топлина оставете да се истопи до светло кафена боја. Кога поголем дел од шеќерот е во таа фаза а се уште имате во средината нестопен шеќер, со кружни движења како да ставате палачинка во тава помогнете му на остатокот од шеќерот да се истопи. Ова е добро да се практикува бидејќи ако го оставиме остатокот од шеќер да се стопи на рингла многу брзо може да прегори и тешко да се исчисти од тенџерето.Кога ќе се истопи целиот шеќер и се уште тенџерето ни е во рака додаваме една до две лажички вода и чекаме да помине првата бурна реакција. Шеќерот се топи на 180 степени и секоја течност додадена има реакција на вриење, затоа е препорачливо вода прво, бидејќи млекото ако се додаде прво може да загори. После таа реакција додаваме малку млеко и го враќаме тенџерето на тивок огин. Нека не ве загрижува ако карамелата од прва добие форма на леплива грутка која вирее од млекото, продолжете да готвите на тивок огин и мешајте повремено и на крај се ќе се истопи во компактен раствор. Ако се уште забележите грутки прецедете ја млечната карамела преку цедилка за чај.

Чекор 2

Оставете да се олади па измешајте во таа смеса 30 грама печени, солени кикиритки.

Чекор 3

Додека се олади смесата за фил, спремајте го тестото. Во чинија ставете брашно, шеќер и прашок за пециво и измешајте со виљушка. Додадете едно цело јајце, 30 мл млеко и 30 мл зејтин, се добро измешајте да биде без грутки.

Чекор 4

Со добиената смеса наполнете 4 керамички шолји (препорачливо 100 мл). Ставете ги во микробранова печка на 3 минути и 750 W. Оставете да се оладат и со мал нож издлабете дупка во средина и во неа сипете ја карамелата со кикиритките. Спремно за послужување.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement