Време на подготовка: 2 часа / ќе послужите: 12
- 3 шолји брашно, плус количина за месење
- 1 лажичка сол
- 1 шолја путер, собна температура
- ¼ шолја гранулиран шеќер
- 1 големо јајце, лесно матено, плус 1 жолчка
- ¼ шолја млеко
- ¼ шолја сецкани бадеми
- 1,5 шолја шеќер
- ¼ шолја кафеав шеќер
- 2 лажичка цимет
Чекор 1
Во голем сад измешајте брашно и сол, во друг гоелм сад со електришен миксер, измешајте го путерот и гранулираниот шеќер, се додека не се добие лесна и мека смеса, околу 4 минути. Додајте го целото јајце и измешајте се заедно. Во пола смеса од брашното додајте млеко и мешајте полека додавајќи ја другата половина од брашното. Измесете го тестото, поделте на половина и на тврда површина посолете брашно да се размеси во тенки правоаголници. Оставете го тестото во фрижидер до 30 минути.
Чекор 2
Изблендирајте ги сецканите бадеми. Додадете ¾ шеќер, кафен шеќер и 1 лажичка цимет. Прелејте со 5 лажички вода и измешајте. Извадете едно парче од тестото од фрижидер и поделете го на 12 еднакви правоаголници. На секое од нив поставете од смесата со бадеме и шеќер. Премачкајте ги крајчињата со жолчка, поклопете со останатите парчиња. Со крајчињата на виљушка, спојте ги горното и долното тесто. Премачкајте ги колачите со жолчка. Повторете и со другата половина од тестото.
Чекор 3
Оставете да опстојат колачите поставени во сад над листови за печење 30 минути (или ако имате можност до 1 ден). Загрејте ја рерната на 200 степени. Печете ги додека не добијат златна боја колачите, околу 20 минути. Оставете да се оладат.
Чекор 4
Во сад, измешајте заедно ¾ шеќер, 1 лажичка цимет и 5 лажички вода. Со нож или шпатула премачкајте ги колашите со глазурата. Оставете да опстои 5 минути пред послужување.

You must be logged in to post a comment Login