Иако пролетта сеуште не е пристигната, на пазарите веќе има изобилство од разни овошја и зеленчук.Одбележете го доаѓањето на пролетта со овие пролетни шарени коцки.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 ГР. лиснато тесто или тесто за пица;
1/2 мала чаша мајонез
1/2 чаша од вашиот омилен сос за салата
200 гр. крем сирење
рендано сирење
Исецкан зеленчук на коцки ( арфиол, брокула, тиквички, морков, целер стебленца, црвена пиперка, кромид, домат).
На садот за печење нанесете брашно, ставете го тестото за пица или лиснатото тесто и печете на загреана рерна на 175 степени 10-12 минути.
Во помал сад измешајте ги добро мајонезот, кремот од сирење и сосот за салата и нанесете ги потоа на испечената кора.
На веќе намачканата кора нанесете го претходно исецканиот зеленчук и посипете одозгора со изренданото сирење и тогаш Вашите пролетни коцки се подготвени за дегустација.

You must be logged in to post a comment Login