Состојки:
1/3 чаша сецкана боранија
1/3 чаша бел грав
1/3 чаша црвен грав од конзерва
1 црвена пиперка, сецкана на резанки
1 главица сецкан кромид
2 кафени лажици масло
1 супена лажица јаболков оцет
3/4 кафена лажица бел шеќер
1/8 кафена лажица лук во прав
сол и мелен црн пипер по вкус
Подготовка:
Комбинирајте ги сецканата боранија, белиот грав, црвениот грав, црвената пиперка и кромидот во еден голем сад.
Измешајте ги маслото, јаболковиот оцет, шеќерот, лукот во прав, сол и мелениот црн пипер во еден помал сад. Истурете ја мешавината врз зеленчукот. Мешајте се додека смесата не се соедини со зеленчукот.

You must be logged in to post a comment Login