Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Салата од леќа

Состојки

4 модри патлиџани, исечени на тенки ленти

маслиново масло

250гр. чери домати

1 мало чешне лук

1/4 лажичка црвен пипер

сок од 1/2 лимон

140гр. павлака

400гр. леќа

80гр. ореви сецкани

4 лажици магдонос сецкан

70гр. млад спанаќ

Постапка

Сварете ја леќата 30 мин. во тенџере со вода на среден оган. Потоа процедете ја.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Намачкајте плех со масло и наредете ги лентите од модри патлиџани и чери доматите. Премачкајте ги со маслиново масло и печете ги 3-4 минути. Потоа тргнете ги чери доматите во  чинија, превртете ги модрите патлиџани од другата страна и печете ги уште 3-4 минути.

Во мал сад измешајте павлака, лук, црвен пипер и сок од лимон.

Измешајте ги во сад за сервирање модрите патлиџани, чери доматите, леќа, магдонос, млад спанаќ и ореви. Зачинете со сол по вкус и прелијте ја салата со зачинетата павлака.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement