Состојки:
- 500 gr брашно
- 10 gr свеж квасец
- 1 лажица маст
- 2 dcl млеко
- 1 лажица шеќер
- Кравјо сирење
- Јајца
- 300 gr мелени ореви или ситно исецкан спанаќ
- 2 dcl кисело млеко
Чекор 1
Истолчете го квасецот и измешајте го со 1 децилитар млеко, во кое ќе додадете малку шеќер. Оставете го малку да се подигне, а потоа додадете брашно, остатокот од млекото и малку сол за да можете да направите тесто.
Чекор 2
Оставете го тестото да се подигне додека волуменот се се зголеми барем за 2-3 пати. Потоа тенко одвојувајте го и редете го на лим за печење. За внатре измеѓу тестата измешајте сирење и јајца.
Чекор 3
Рударската пита може да ја полните само со сирење, но можете да го помешате и со ораси или ситно исецкан спанаќ. Откако сте го додале сето тоа, тестото го преклопувате за премазот од сирење да биде затворен.
Чекор 4
Пред да го ставите во рерна, премачкајте го тестото со кисело млеко и направете неколку дупки на самото тесто. Печете го на температура од 200 степени околу 20 минути.

You must be logged in to post a comment Login