Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Пржени кнедли од компир и месо

Состојки:

1 кг компири

40 г путер

малку сол, црн пипер, вегета

1 јајце

500 г мелено месо

100 г кашкавал (изрендан)

½ главица кромид (ситно сечкан)

1 лажичка сув лук

малку сол, црвен пипер, црн пипер

масло за готвење

Подготовка:

Компирите измијте ги, излупете ги, исечкајте ги на ситни парченца и сварете ги.

Со помош на виљушка, изгмечете ги, зачинете ги со сол и црн пипер и додадете го путерот. Измешајте и оставете ги да се оладат. Во оладеното пире од компир ставете едно јајце.

На малку масло за готвење, запржете го кромитчето, па потоа додадете мелено месо. Зачинете по желба (сол, црн и црвен пипер) и додадете лажичка суво лукче. Смесата тргнете ја да се олади и ставете рендан кашкавал.

Формирајте ја кнедлата. Земете 1-2 лажици од пирето, во средина ставете од меленото месо па повторно земете од пирето. Со раце формирајте топче.

Кнедлите пржете ги на загреано масло неколку минути. Испржени, оставете ги на кујнска хартија добро да се исцедат. Послужете ги свежа салатка. Бон апетит.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement