Состојки:
2 парчиња лук пасирани
2 лажици пармезан рендан
1 лажица мајонез
2 лажици путер
1 лепче чијабата
босилек
сол и бибер
Упатство:
Загрејте ја рерната на 250 степени. Помешајте го путерот, мајонезот и лукот додека не се добие изедначена смеса. Исецкајте го ситно босилекот и додадете го во приготвениот сос. Зачинете со сол и бибер. Исечете го лепчето на половина, и ставете ги двете половини во плех. Премачкајте ги со приготвениот сос и наросете од ренданиот пармезан. Печете 3-4 минути.

You must be logged in to post a comment Login