Состојки:
– 4 парчина пилешки гради
– 8 компири
– 300 гр. боранија
– 2 лимони
– 6 лажици маслиново масло
– 4 чарниња лук
– 1 лажичка сол
– 1/2 лажичка бибер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 250°C. Во тава за печење ставете една лажица маслиново масло. Исечете еден лимон на тенки парчиња и распоредете го на дното од тавата.
Во еден сад измешајте го останатото масло со сок од еден лимон, лукот, солта и биберот. Додадете ја претходно исчистената боранија, измешајте ја со смесата, а потоа извадете ја. Истото направете го и со претходно исечените компири и пилешките гради.
Во тавата прво ставете ги компирите, над нив боранијата и на крај пилешкото. Останатата смеса истурете на над нив.
Печете околу 1 час. Послужете го ручекот додека е топол.

You must be logged in to post a comment Login