Потребни состојки:
- 2 рендани јаколка
- 1 јајце
- 1 шолја млеко
- 2 шолји брашно
- 2 лажички пециво во прав
- 50 грама суво грозје
- Сок од пола лимон
- Масло или путер
Чекор 1
Сувото грозје прелијте го со вода и оставете го 10 минути. Јаболката прелијте ги со сокот од лимон.
Чекор 2
Со миксер изматете го шеќерот и јајцето додека не станат пенасти, па додадете го во смесата сувото грозје, претходно иссцедено, па јаболката, брашното и прашокот за пециво и прелејте со млеко. Сето тоа измешајте го додека не добиете компактна смеса.
Чекор 3
Тавата за палачинки премачкајте ја со масло или путер и почнете со пржење на мали палачинки. Послужете по желба со шеќер во прав.

You must be logged in to post a comment Login