Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

ОВА НЕ Е ПИЦА, ОВА Е ЛУДИЛО ОД ЛЕБ СО МАСЛИНКИ КОЈШТО ЌЕ ВЕ МАЃЕПСА!

Овојпат ви предлагаме да ја пробате оваа мирисна и вкусна фокача со маслинки којашто ќе ви го разубави не само овој ден, туку и целиот живот!

Потребни состојки:
● 550 гр брашно
● кесичка сув квасец
● 5 супени лажици маслиново масло
● 1 мала лажичка шеќер
● 350 мл вода
● 1 мала лажичка сол
● 10 зелени маслинки со пиперче
● 3 лажици ајвар
● 1 гранче рузмарин
● 3 лажици стопен путер
● крупна морска сол

Подготовка:

Измешајте ги брашното, сувиот квасец, солта и шеќерот, а потоа постепено додавајте по малку вода, со постојано мешање. Измесете мазно тесто коешто не се лепи за рацете, обликувајте го во топка и оставете го во покриена чинија додека да нарасне. Кога тестото ќе го удвои волуменот, премесете го уште еднаш, додадете го ајварот, а потоа оставете го да нарасне уште еднаш, околу 20 минути.

Развлечете го во облик на елипса, ставете на тавче и додадете ги маслинките со пиперка. Гранчето рузмарин изгмечете го и наизменично втиснете го во тестото. На крајот, премачкајте ја фокачата со стопениот путер, наросете со крупна сол и печете во загреана рерна на 200 степени, додека да порумени.

Добар апетит!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement