Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Освежителна домашна лимонада со нане

Неопходни продукти за приготвување на овој освежителен летен пијалок:

–        2 чаши свежи листови од нане,

–        2 чаши вода

–        1 чаша шеќер во прав,

–        Изрендана кора од 3 лимони,

–        Лед

Начин на приготвување:

Сипете ја водата во мало тенџере, додадете го шеќерот и кората од лимон. Измешајте и варете се додека не се истопи шеќерот. Тргнете го садот од оган, додадете го нането и оставете ја течноста покриена  со капак да отстои еден час. Процедете го сирупот со цедилка и чувајте го во стаклен сад што добро се затвора. Сирупот растворете го во зависност од вашиот вкус. Се сервира со лед и кругови од лимон. Има извонреден вкус и одлично освежува.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Advertisement