- 1 голем модар патлиџан (околу 700 грама), исечени по должина, 2,5 см дебели парчиња
- Крупна сол, по желба
- 1 лажичка маслиново масло, и количина доволна за премачкување на парчињата модар патлиџан
- 300 грама чери домати, исечени на пола
- ¼ шолја ореви, исецкани
- 30 грама фета сирење, ситно исецкано
- Зачин од црвен пипер, по желба
- ¼ шолја свежи ливчиња од босилек
Чекор 1
Посолете ги сите парчиња од модри патлиџани. Поставете ги вертикално во сад да се исцедат, еден преку друг. Оставете да опстојат 30 минути.
Чекор 2
Загрејете ја електричната скара на средна топлина. Премачкајте ги парчињата со масло. Печете и од двете страни по 4 минути. Измешајте ги преполовените парчиња од чери домати, оревите, фетата, прелејте со масло и зачинете со црвен пипер и сол. Со лажица распоредете врз парчињата од модар патлиџан и на врв додадете од свежиот босилек.

You must be logged in to post a comment Login