Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Модар патлиџан со мисиркино месо

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 модри патлиџани

* 500 g мелено мисиркино месо

* 1 кромид

* 1 чешне лук

* 200 ml пасирани домати (во конзерва)

* 1 dcl суво вино

* 100 g кашкавал (кој лесно се топи како гауда, едамер и сл.)

* 125 g моцарела

* оригано

* неколку листови свеж босилек

* маслиново масло

* сол, бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измијте ги модрите патлиџани, исушете ги и исечете ги на половина, така што ќе добиете 4 половини. Со остар нож засечете ги модрите патлиџани така што ќе добиете решетка. Втријте сол во нив и оставете ги да одстојат најмалку 15 минути за солта да ја извлече водата. Откако убаво ќе ги исцедите намачкајте ги со маслиново масло и ставете ги да се печат 25 минути во претходно загреана рерна на 180 °C.

Подгответе го сосот: ситно исечкајте го кромидот и пропржете го за да стане транспарентен. Додадете го меленото месо и запржете го. Додадете го виното и мешајте се додека не испари алкохолот и течноста. Потоа додадете го ситно сечканиот лук, ориганото, солта и биберот, па потоа додадете ги пасираните домати. Мешајте се додека течноста не се намали и додека сосот не биде сварен. Доволно ќе ви бидат 30 минути за сево ова. Кога сосот ќе биде готов оставете го да се олади.

Печените модри патлиџани исто така оставете ги да се оладат малку, а потоа извадете им ја средината и додадете ја во сосот со месото.

Наполнете ги модрите патлиџани со сосот, изрендајте кашкавал над нив, и на крај на секој од нив додадете парчиња моцарела исечкани на кругови.

Ставете ги вака полнетите модри патлиџани во тава за печење, посипете ги со малку маслиново масло одозгора и ставете неколку ливчиња свеж босилек. Печете ги 15-20 минути на 180°C.

Служете ги како топло предјадење, или главно јадење со зелена салата и чаша оладено бело вино.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement